На гости кај Костадинка Лалкова во Кавадарци: Тераса на покрив со бар од природни материјали (фото)

„Станува збор за тераса која се простира на површина од 70 м2 во куќа во центарот на Кавадарци. Заради збиеноста на околните куќи ја немам привилегијата за убав поглед, па затоа вложив во дизајнот на мојата кровна градина“, вели креативната Костадинка.

na-gosti-kaj-kostadinka-lalkova-vo-kavadarci-terasa-na-pokriv-so-bar-od-prirodni-materijali-foto-01.jpg

Костадинка Лалкова (36) м-р по правни науки, работи како советник во Сектор за јавни набавки во општина Кавадарци, сопруга и мајка е на две деца, но секогаш пронаоѓа време за креативни проекти во својот дом.

Особено е горда на својата кровна тераса, кое е уникатно катче за релаксација направено од природни материјали. Има дури и бар.

Со неа проговоривме за уредувањето на нејзината тераса:

Дизајн на ентериер и екстериер е токму она што ме релаксира и го исполнува моето слободно време, дозволува да ја изразам мојата креативна страна, а е нешто комплетно различно и неповрзано со мојата професија. 

na-gosti-kaj-kostadinka-lalkova-vo-kavadarci-terasa-na-pokriv-so-bar-od-prirodni-materijali-foto-02.jpg

Станува збор за тераса (кровна градина) која се простира на површина од 70 м2 во центарот на Кавадарци. Заради збиеноста на околните куќи ја немам привилегијата за убав поглед, па затоа вложив во дизајнот на мојата кровна градина.

na-gosti-kaj-kostadinka-lalkova-vo-kavadarci-terasa-na-pokriv-so-bar-od-prirodni-materijali-foto-03.jpg

Љубител сум на цвеќе, зеленило и убаво среден надворешен простор, па од таму идејата за убава и комфорна тераса. Од неа омилен дел на моите пријатели дефинитивно им е барот.

na-gosti-kaj-kostadinka-lalkova-vo-kavadarci-terasa-na-pokriv-so-bar-od-prirodni-materijali-foto-04.jpg

Терасата ја претворив во креативно и удобно катче, кое стана и функционален и естетски додаток на нашиот простор за живеење.

na-gosti-kaj-kostadinka-lalkova-vo-kavadarci-terasa-na-pokriv-so-bar-od-prirodni-materijali-foto-10.jpg

Боите, материјалите, мебелот и аксесоарите внимателно ги избирам и преферирам да се практични и отпорни на надворешните влијанија.

na-gosti-kaj-kostadinka-lalkova-vo-kavadarci-terasa-na-pokriv-so-bar-od-prirodni-materijali-foto-09.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Ангела: Стан од 60m2 во Капиштец, со кујна во пастелно зелена боја и уникатни декорации... „Како архитект секогаш сум инспирирана од геометријата и модерната уметност на п...
На гости кај Валентина: Стан во Прилеп од 89m2 со многу огледала и семејни спомени (фото) „Во овој стан живеам 18 години и досега сум го преуредила че...
На гости кај Никола: Стан во Скопје со Halloween украси, „направи сам“ камин и многу цвеќиња (фото) „Скоро секоја сезона подготвувам по еден настан. Така оваа есен подготовките беа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg