Во домот на Александра: Стан во Скопје во кој сите соби се со различен стил (фото)

„Станот го реновиравме од темел и имавме ограничен буџет, па не вклучивме архитект, туку сите идеи се наши, со сопругот. Дневната е класичен елегантен стил со златни детали и индустриски црн метал, а најмногу се радувам за зелените велвет софи“, вели 29-годишната Александра.

vo-domot-na-aleksandra-stan-vo-skopje-vo-koj-site-sobi-se-so-razlichen-stil-foto-01.jpg

Александра Пренџова е 29-годишна девојка, по професија диетолог, која со сопругот и синчето живее во стан во Скопје од 67 м2.

Таа открива дека секоја соба ја уредувала во различен стил и дека идеи црпела од Пинтерест.

За уредувањето на нејзиниот стан за CRNOBELO.com вели:

„Сите идеи ги добив од со часови скролање по Пинтерест, станот го реновиравме од темел и имавме ограничен буџет, па не вклучивме архитект, туку сите идеи се наши, со сопругот.

vo-domot-na-aleksandra-stan-vo-skopje-vo-koj-site-sobi-se-so-razlichen-stil-foto-03.jpg

Јас сум големо дете по природа, со голема имагинација, па не сакам едноличен стан или стан што секаде го прати истата тема‚ односно секаде ист стил на уредување.

vo-domot-na-aleksandra-stan-vo-skopje-vo-koj-site-sobi-se-so-razlichen-stil-foto-04.jpg

Во нашиот стан сите соби имаат различен карактер, бидејќи сметам дека секоја соба е приказна за себе, па детската и спалната имаат сосема различен под од оној во дневна.

vo-domot-na-aleksandra-stan-vo-skopje-vo-koj-site-sobi-se-so-razlichen-stil-foto-11.jpg

Пример дневната е класичен елегантен стил со златни детали и индустриски црн метал.

vo-domot-na-aleksandra-stan-vo-skopje-vo-koj-site-sobi-se-so-razlichen-stil-foto-14.jpg

Од дневната најмногу се радувам за зелените велвет софи.

vo-domot-na-aleksandra-stan-vo-skopje-vo-koj-site-sobi-se-so-razlichen-stil-foto-09.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Надица: Светол стан во Скопје со шарени плочки во кујната и впечатливи парчиња мебел (ф... „Станот го уредувавме заедно со сопругот, кој по професија е архитект. Најколори...
На гости кај Даниел: Стан во срцето на Дебар Маало со впечатлива кујна и поглед кон Водно (фото) „Идејата зад станот беше да се создаде атмосфера на уметничко студио и...
На гости кај Љубица и Милош: Стан во Капиштец со широка дневна соба и разиграна детска соба (фото) „Кога по 16 години живеење во куќа, одлучивме да се преселиме во стан, прво...
На гости кај Васил Гарванлиев во Чикаго: „Живееме во елитна населба, куќата има 7 спални соби, базен... „Куќата во која живееме со Џејсон има 7 спални соби, од кои 2 се пренаменети во ...
На гости кај Софија Јанева: Стан од 84m2 со мермерен шанк и „walk-in“ гардеробер (фото) „Кога биравме стан најважно ни беше да биде пред сè на добра локација,...
На гости кај Рената: Дом со милјеа, класичен мебел, мирис на минатото и прекрасен поглед кон Водно (... „Омилена работа во мојот дом ми е мирисот на кафето направено во мока за домашно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg