На гости кај Александра: Одлично уредена семејна куќа во Охрид (фото)

„Kуќата ја реновиравме од корен пред три години, сакавме многу чист, скоро скандинавски изглед со светли бои и затоа преовладуваат белата и сивата боја“, вели 34-годишната Александра за својата куќа од 110 квадратни метри.

na-gosti-kaj-aleksandra-odlichno-uredna-semejna-kukja-vo-ohrid-foto-01.jpg

Александра Устијаноска (34) од Охрид работи како софтвер тестер и Database администратор. Во слободно време води социјални мрежи на неколку брендови.

Заедно со сопругот Иван и синчето Кристијан (2) живее во куќа од 110 квадратни метри.

За уредувањето на нејзиниот дом таа открива за CRNOBELO.com:

„Kуќата ја реновиравме од корен пред три години, но сепак ни фалат уште многу, многу детали.

na-gosti-kaj-aleksandra-odlichno-uredna-semejna-kukja-vo-ohrid-foto-05.jpg

За почетокот на проектот „реновирање“ се консултиравме со архитект околу планот и распоредот, но сè околу мебелот, стилот и деталите беше наша замисла, идеја и реализација.

na-gosti-kaj-aleksandra-odlichno-uredna-semejna-kukja-vo-ohrid-foto-10.jpg

Како што може да видите од сликите во продолжение сакавме многу чист, скоро скандинавски изглед со светли бои, но го искомбиниравме со други стилови за да внесеме диверзитет и да го добиеме токму тоа што го сакаме.

na-gosti-kaj-aleksandra-odlichno-uredna-semejna-kukja-vo-ohrid-foto-06.jpg

Белата, боја преовладува иста како и нијанси на сива кои даваат чувство на чистина, баланс и неутралност.

na-gosti-kaj-aleksandra-odlichno-uredna-semejna-kukja-vo-ohrid-foto-13.jpg

Дрвениот под како и дрвените детали ја даваат топлината и удобноста на домот.

na-gosti-kaj-aleksandra-odlichno-uredna-semejna-kukja-vo-ohrid-foto-07.jpg

Многу сакам растенија, даваат живост и позитивна енергија во домот затоа ги имаме на повеќе места во домот.

na-gosti-kaj-aleksandra-odlichno-uredna-semejna-kukja-vo-ohrid-foto-16.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Љупка: Стан во Струмица од 140m2 со луксузни детали во сребрена боја (фото) „Од шивачките машини на баба ми направив трпезариска маса на која сум горда, а о...
На гости кај Агнеса Органџиева: Стан во Скопје од 90m2 со уметничко дело на плафонот (фото) „Станот е изработен со помош на архитект. Неговите визии заедно со моите ги скло...
На гости кај Елена Шалевска: Стан од 57 м2 на Водно со поглед кон крстот (фото) „Јас просто ги обожавам утрата дома, особено сончевите, на мојата тераса со шолј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg