На гости кај Елена Шалевска: Стан од 57 м2 на Водно со поглед кон крстот (фото)
- Детали
- сабота, 25 септември 2021
„Јас просто ги обожавам утрата дома, особено сончевите, на мојата тераса со шолја кафе и преубавиот поглед кон Водно и Милениумскиот крст“, раскажува 26-годишната Елена Шалевска.
Елена Шалевска (26), магистер по бизнис право, живее на Водно во комплекс Соравија во стан од 57м2.
Од целиот рпостор најмногу ја обожава терасата со поглед кон крстот на Водно.
За уреедувањето на нејзиниот стан, таа споделува за CRNOBELO.com:
„Бидејќи живеам сама, го бирав и уредував станот целосно по моја волја.
Јас просто ги обожавам утрата дома, особено сончеви, на мојата тераса со шолја кафе и преубавиот поглед кон Водно и Милениумскиот крст.
Како што може да се види јас сум голем вљубеник во деталите. За мене деталите се тие кои даваат душа на просторот.
Имам детали дури и во кујната каде обично луѓето избегнуваат поради практичност, јас сакам секој дел да биде искористен.
Сакав станот да има доза на елеганција измешана со шик и впечатливи моменти, што верувам го постигнав со жолтата боја на столовите , но и со поситните интересни домашни украси.
Исто така, многу важен момент ми беше и висината на прозорите кои овозможуваат станот преку ден да биде природно осветлен со што земјените тонови во целост доаѓаат до израз.
Ништо не ми ги полни батериите повеќе од седењето на софа покрај прозорецот со добра книга во попладневните часови.