На гости кај Елена Илиевски во Германија: Дом на Македонка со сиво-црни тонови и совршена тераса (фото)

Често знам да експериментирам со декорирање на трпезата, а боите на декорот ги менувам во зависност од пригодата. 

na-gosti-kaj-elena-ilievski-vo-germanija-dom-na-makedonka-so-sivo-crni-tonovi-i-sovrshena-terasa-foto-04.jpg

Во дневната соба ставив посебен акцент на висечката ТВ комода која дава свежина на сиво - црните елементи во просторијата, а од особена важност ми се постерите над софата кои ги менувам во зависност од годишното време и бојата која сакам да ја искористам како декор за да го освежам просторот.

na-gosti-kaj-elena-ilievski-vo-germanija-dom-na-makedonka-so-sivo-crni-tonovi-i-sovrshena-terasa-foto-09.jpg

Кога сакам промена, а тоа се случува често, менувам само боја на перничиња, прекривки и свеќи, а тоа, еве како еден совет од мене : заштедува и време и пари.

na-gosti-kaj-elena-ilievski-vo-germanija-dom-na-makedonka-so-sivo-crni-tonovi-i-sovrshena-terasa-foto-12.jpg

Многу драг детаљ ми е статуетката од нашите две раце, која е симбол на нашето постоење и е DIY проект кој започна на Божиќ и е сè уште во изработка. 

na-gosti-kaj-elena-ilievski-vo-germanija-dom-na-makedonka-so-sivo-crni-tonovi-i-sovrshena-terasa-foto-06.jpg

Во спалната соба интересен процес беше исцртувањето и фарбањето на ѕидот кој навидум изгледаше лесно, но нас ни одзеде доста време.

na-gosti-kaj-elena-ilievski-vo-germanija-dom-na-makedonka-so-sivo-crni-tonovi-i-sovrshena-terasa-foto-10.jpg

Декорот со фазите на месечината ѝ даде посебен шарм на оваа просторија, а дел од украсите како свеќникот, украсната кутија, некои од перниците ги имам реставрирано сама.  

na-gosti-kaj-elena-ilievski-vo-germanija-dom-na-makedonka-so-sivo-crni-tonovi-i-sovrshena-terasa-foto-11.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

На гости кај Николина во Германија: Дом на Битолчанка со прозорци под плафонот и поглед кон зеленило... „Станот е 70m2 и се наоѓа во центарот на градот, на приземје, но со посебен влез...
На гости кај Ангела: Стан од 60m2 во Капиштец, со кујна во пастелно зелена боја и уникатни декорации... „Како архитект секогаш сум инспирирана од геометријата и модерната уметност на п...
На гости кај Валентина: Стан во Прилеп од 89m2 со многу огледала и семејни спомени (фото) „Во овој стан живеам 18 години и досега сум го преуредила че...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg