На гости кај Нина: Светол стан во Скопје од 74m2 со орхидеи како главна декорација (фото)
- Детали
- сабота, 30 април 2022
„Во нашиот стан доминираат светлите и неутрални бои кои создаваат хармоничен и избалансиран простор. Омилено катче дефинитивно ми е собата на мојот син Матеј, а бањата ни е комбинација од мермер и дрво“, раскажува Нина Тодоровска (29) за CRNOBELO.com.

Нина Тодоровска (29) од Скопје, дипломиран економист, со сопругот, синчето и кучето живее во стан од 74 метри квадратни во населбата Кисела Вода.
Домот на овој млад брачен пар е хармонично уреден, а на просторот посебен шарм му даваат растенијата, а особено орхидеите.
За уредувањето на домот Нина открива за CRNOBELO.com:
„Во нашиот стан доминираат светлите и неутрални бои кои создаваат хармоничен и избалансиран простор.

Мора да признаам дека инспирација и идеи црпев од Пинтерест.

Дефинитивно имаме слободен простор и функционален ентериер кои се одлика на минимализмот. А со самото тоа имаме практичен и фунционален дом.

Голем љубител сум на цвеќињата, па така во домот може да се забележи дека тие се главната декорација.


Целиот стан е светол и сончев со оглед на тоа дека гледа на две страни, па така дневната и трпезаријата гледаат кон исток, додека спалните се свртени кон запад.

Омилено катче дефинитивно ми е собата на мојот син Матеј, каде секогаш има нешто ново што да се додаде.

