10 едноставни трикови со кои ќе внесете елеганција и топлина во домот

Природни тонови, земјени бои, микс од стилови, украсни свеќи... Што друго ви е потребно за да го направите домот топло и елегантно место за живеење?

10-ednostavni-trikovi-so-koi-kje-vnesete-elegancija-i-toplina-vo-domot-011_copy.jpg

Дали сакате да живеете во дом кој дише со топлина и елеганција, а притоа да не потрошите многу пари?

Експертите велат дека треба да смените само неколку ситници во просторот во кој живеете и да го направите во пријатно катче во кое ќе се чувствувате убаво и вие, но и сите што ќе ви дојдат на гости.

Како најлесно да внесете елеганција и топлина во домот? Овие 10 совети сигурно ќе ви помогнат во тоа:

Земјени тонови

Првиот чекор за да внесете елеганција во домот е да користите земјени тонови за мебелот и украсите.

Овие бои се топли, смирени и даваат пријатно чувство.

А палетата е огромна - кафеава, нијанси на беж, зелена, дури и портокалова.

Секако, не треба да го преуредите целиот простор, туку да додадете или исфрлите неколку детали и да добиете нов изглед на собите.

10-ednostavni-trikovi-so-koi-kje-vnesete-elegancija-i-toplina-vo-domot-07_copy.jpg

„Топли“ бои на светилките

Кога ќе влезете во салон за мебел или во болница, сè околу вас е бело, светло и студено.

Токму затоа вакво не треба да е осветлувањето во вашиот дом.

Наместо бели светилки, изберете светилки или ламби во жолта или портокалова нијанса, кои ќе внесат топлина во просторијата.

Освен со лустери, просторот осветлете го и со ламби или украсни свеќи - уште нешто што ќе внесе топлина.

10-ednostavni-trikovi-so-koi-kje-vnesete-elegancija-i-toplina-vo-domot-02_copy.jpg

Природни тонови на дрвениот мебел

Кога купувате мебел, изберете парчиња кои ќе имаат природни дрвени тонови, односно нијанси на кафеаво.

Избегнувајте црни и бели парчиња мебел, особено во спалната соба, бидејќи се „студени“.

10-ednostavni-trikovi-so-koi-kje-vnesete-elegancija-i-toplina-vo-domot-05.jpg

Микс од неколку стилови и текстури

За да делува побогато просторот во кој живеете и го поминувате поголемиот дел од денот, спојте неколку различни стилови и текстури.

На пример, на софата или фотелјата ставете меко ќебе и неколку перничиња.

Доколку ви се допаѓа, вметнете и некое винтиџ парче кое ќе го разигра целиот простор.

Не се ограничувајте на една или две бои, туку ставете неколку шарени детали кои ќе паѓаат во очи кога некој ќе влезе во простортијата.

10-ednostavni-trikovi-so-koi-kje-vnesete-elegancija-i-toplina-vo-domot-10.jpg

Инвестирајте во украсни свеќи

Освен што ќе му дадат пријатна мирисна нота на домот, украсните свеќи ќе му дадат топлина и доза на елеганција.

Распоредете ги свеќите на места кои „паѓаат во очи“, а користете ги и за да доловите романтична атмосфера.

Само, не заборавајте да ги изгаснете пред да си легнете.

10-ednostavni-trikovi-so-koi-kje-vnesete-elegancija-i-toplina-vo-domot-01.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби. Пр...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
8 мали детали што му даваат шарм на домот (и прават да изгледа полуксузно) Цветните аранжмани, но и уникатните садови за јадење се ситници кои не чинат мно...
9 трикови за стилска бања со мал буџет (без реновирање) Сменете ја чешмата, ставете ѕидна ламба и сменете ја бојата на ѕидовите во богат...
Пет грешки во уредувањето поради кои домот не изгледа луксузно, туку „кич“ Следите трендови кои се минливи и низ домот имате препознатливи логоа и принтови...

Најчитани неделава