Пет грешки во уредувањето поради кои домот не изгледа луксузно, туку „кич“
Следите трендови кои се минливи и низ домот имате препознатливи логоа и принтови од скапи брендови.

Доколку сакате да го уредите домот луксузно, не мора да потрошите цело богатство, туку само треба да избегнувате некои грешки.
Ова се грешки што ги прават многумина, мислејќи дека со тоа му дават пософистициран изглед на домот, кога всушност го прават спротивното.
Кои се грешките што треба да ги избегнувате?
Одбирате трендови наместо класика
Трендовите се минливи, а ова правило важи и за трендовите за уредување.
Затоа, кога го реновирате или уредувате домот, немојте да се водите според она што е хит во моментот.
Фокусирајте се на покласични елементи кои ќе се вклопат во стилот што го сакате.
На овој начин домот ќе изгледа безвремено, но и полуксузно.
Погрешно ги користите боите за акцентирање
Ако целите кон „тивок луксуз“, тогаш треба да бидете внимателни со впечатливите бои.
Доколку сакате да вметнете некоја дречлива нијанса, таа не треба да доминира во собата, туку да биде посуптилна.
Основата нека бидат понеутрални тонови, а додајте само неколку детали со впечатлива боја.
Уредувате со препознатливи логоа и принтови
Ако низ домот имате видливи препознатливи логоа и дезени на скапи брендови, нема да излеа луксузно, туку само ќе делува кич.
Поважно е да се фокусирате на квалитетот на мебелот и елементите во домот.
Многу го трупате просторот
За домот да делува луксузно и софистицирано, бидете внимателни со украси.
Исто така, немојте да ставате мебел кој не е потребен и кој само ќе го задушува просторот.
Купувате само модерни елементи
Ако ги разгледате домовите на богатите, ќе забележите дека скоро секогаш има по некој винтиџ елемент, дури и ако домот е модерно уреден.
Токму ваквите детали можат значително да го подобрат изгледот на просторот и да направат да делува полуксузно.
Спирова С. | Црнобело
