Работи во домот заради кои гостите ќе ве озборуваат како неуредна личност

Ретро чаршав за маса кој виси од сите страни

Во минатото сите практикуваа да ставаат чаршафи за маси, но долгите прекривки кои висат од сите страни може само да направат гостите да се чувствуваат непријатно.

Постојано треба да внимаваат случајно да не го повлечат чаршафот и да не се случи хаварија за време на ручекот, а воопшто не се практични ако на масата имате и деца.

raboti-vo-domot-shto-gostite-sigurno-kje-gi-zabelezhat-a-potoa-kje-ve-ozboruvaat-07.jpg

Им носите на гостите стари столчиња (извадени од подрум)

Пред да ви дојдат гости добро би било да подготвите доволно столчиња за сите.

Така нема да имате потреба да вадите уште неколку од старите столчиња полни со прашина, што ќе мора да ги пребришувате пред гостите.

raboti-vo-domot-shto-gostite-sigurno-kje-gi-zabelezhat-a-potoa-kje-ve-ozboruvaat-08.jpg

Влакна од домашните миленици

Влакната од мачките и кучињата не само што се лепат на мебелот, туку ќе се залепат и на облеката на гостите.

Никој не би сакал да оди кај некого на гости, па потоа да мора со часови да ги вади влакната залепени на новите пантолони. Затоа, ако поседувате миленичиња, добро би било да ги исчистите влакната пред да ви дојдат гости.

raboti-vo-domot-shto-gostite-sigurno-kje-gi-zabelezhat-a-potoa-kje-ve-ozboruvaat-09.jpg

Немате крпа за раце во тоалетот

Пред да ви дојдат гости оставете чиста крпа во тоалетот или бришачи за раце. Никој не сака да влезе и да ги измие рацете пред јадење, а потоа да се чуди од каде да ги избрише.

raboti-vo-domot-shto-gostite-sigurno-kje-gi-zabelezhat-a-potoa-kje-ve-ozboruvaat-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби. Пр...
5 ситници за попријатна атмосфера во домот во есен и зима (без да трошите многу пари) За миговите кога се релаксирате, купете евтина столна ламба со жолта сијалица, а...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
На гости кај Татјана: Колоритен стан на Македонка во Швајцарија со специјално катче посветено на вер... „Во домот имаме и посебно место за Бог, бидејќи како голем верник во христијанст...

Најчитани неделава