10 ситници со кои ќе направите домот да изгледа луксузно, без да потрошите многу пари
Извадете ги магнетите од фрижидерот, шарените ретро пешкири заменете ги со еднобојни, завесите закачете ги повисоко - мали промени во домот со кои ќе додадете луксузна нота, без да се потрошите многу.
Понекогаш, не е потребно да правите целосно реновирање или да потрошите куп пари за да направите разлики во изгледот на вашиот дом.
Некои работи треба да ги фрлите, некои да ги потсредите и организирате, а нешто ќе треба и да купите, но не е ништо големо.
Во продолжение неколку идеи како домот да ви изгледа полуксузно:
Користете навлаки за перници кои не се преголеми за да не излегуваат од нив, туку „пасент“ за да изгледаат поубаво и богато наполнети

Старинските лустери заменете ги со помодерни

Секогаш имајте вазна со свежо цвеќе во домот

Завесите закачете ги што е можно повисоко за просторот визуелно да изгледа поголем

Бирајте тепих со соодветна големина – преголем тепих може да ја намали визуелно просторијата

Обојте ги рамките од прозорците ако изгледаат застарено

Ноќната масичка, комодите, библиотеките расчистете ги од непотребни додатоци – нека бидат видливи само неопходни и декоративни елементи

Отстранете ги магнетите од фрижидер – ќе изгледа поелегантно без цело тоа шаренило

Користете пешкири во иста боја и тоа светла, наместо шарени и различни

Бирајте постелнина во светли или пастелни нијанси, наместо распар или шарени и натрупани

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно
Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби.
Пр...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел)
Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино
Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок
Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете
Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
8 мали детали што му даваат шарм на домот (и прават да изгледа полуксузно)
Цветните аранжмани, но и уникатните садови за јадење се ситници кои не чинат мно...