Трикови со кои ќе го претворите домот во мирно и хармонично катче
Минимализам наместо визуелен хаос, природна светлина наместо затворени ролетни, смирени бои и растенија, наместо дречливи – трикови со кои ќе си го направите домот хармонично место наместо само простор за живот.
Додека некои луѓе се задоволуваат со тоа во домот да имаат основни работи за преживување, други го гледаат ова катче како место за одмор, полнење батерии, мир – едноставно дом.
Па, доколку сакате да направите промени и да го претворите живеалиштето во простор кој ќе ви носи добросостојба и пријатно расположение, имаме совети за вас.
Потребно е да одржувате ред, да дозволите да влегува светлина, да го развеселите со растенија, а притоа, да се држите до минимализам наместо натрупаност.
Во продолжение неколку трикови за балансирана домашна средина, која е пријатна за живеење:
Држете се до минимализмот и избегнувајте визуелен хаос, за да постигнете хармонија
Дозволете природната светлина да влезе во домот наместо да седите со затворени ролетни и покриени прозори
Бирајте светли бои кои овозможуваат спокој, наместо дречливи и контрастни од кои болат очи
Ставете дифузери и други извори на ароматерапија за пријатен мирис во домот кој нуди релаксација
Природните цвеќиња создаваат хармонија и намалуваат стрес – користете соодветни растенија за во секоја просторија од домот
Одржувајте го домот секогаш среден и чист – не е тоа само за естетика, туку и за мир во душата и умот дека седите во среден простор
Природните материјали како дрво, камен, лен, бамбус и слично – даваат чувство како да сте во природа и делуваат посмирувачки во домашен простор
Додадете елементи со меки текстури (тепих, ќебе, перници) за повеќе удобност, топлина и смиреност во атмосферата
Вметнете значајни, лични предмети кои ќе бидат вашата поврзаност со домот, за да имате чувство на припадност – слики, лична уметност, книги
Не заборавајте често да го проветрувате домот, често држете ги прозорците отворени за свеж воздух, топлина и светлина за здрава околина
M. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





