7 ретро трендови за уредување кои повторно се хит (и будат носталгија)
Мебел со тенки ногарки, огромни шкафови кои зафаќаат цел ѕид, но и паркет на подот – кои трендови за уредување повторно стануваат популарни?

Трендовите секогаш се враќаат, а ова правило важи и за ентериерот.
Некои трендови постојано се присутни и се сметаат за класика, но некои ги забораваме, за по неколку години, па и децении, да направат „камбек“.
Изминативе неколку години се зголеми популарноста на трендовите од минатиот век, а некои од нив одлично се вкопуваат и во помодерен ентериер.
Седум ретро трендови кои повторно се хит (и ќе ви разбудат носталгија):
Мебел со тенки ногарки
Комодите и шкафчињата со тенки ногарки биле хит и кај нас, а можеби и вашите баба и дедо уште чуваат некое вакво парче мебел.
Сега повторно се популарни и изгледаат навистина добро во помодерно опкружување. И, трендот не е ограничен само на комоди, туку и гарнитура со тенки ногарки.
Вградени полици и гардеробери, високи до таванот
Полиците, гардероберите и шкафовите со висина до таванот се навистина функционални, а и можат да изгледаат мошне добро.
Голем хит стануваат и „висечките“ полици и шкафчиња над вратите, кои создаваат дополнителен простор за складирање, но и му даваат топлина на просторот.
Паркет
Дрвениот паркет е секако поголема инвестиција од помодерните опции, како ламинат, но дефинитивно изгледа многу подобро.
Се вклопува во секаков ентериер, а притоа е и многу издржлив.
А, ако живеете во постара градба, веројатно веќе имате паркет на подот и доволно е само да го лакирате.
