7 ретро трендови за уредување кои повторно се хит (и будат носталгија)
Мали квадратни плочки
И малите плочки со форма на квадрат стануваат сè попопуларни, а најдобро изгледаат во бања.
Можете да ставите еднобојни или плочки со суптилен дезен, или можете да комбинирате две бои за да го акцентирате ѕидот.
Теписи со дезени
Шарените теписи со впечатливи дезени беа како заштитен знак на домовите во минатото, а сега повторно се враќаат во тренд.
Но, ако порано беше модерно целата соба да биде покриена со ваков тепих, сега е подобро да изберете помал, особено ако во просторијата ви доминираат повеќе бои и материјали.
Стаклени тули
И ѕидовите со стаклени тули повторно се враќаат во тренд.
Одлични се за преградување поголеми простории бидејќи создаваат интимност, но пропуштаат и светлина, па не го затвораат просторот.
Шкаф или полица што зафаќа цел ѕид
Долг период се избегнуваа огромните шкафови или полици што се простираат на цел ѕид, најмногу бидејќи сепак зафаќаат многу простор.
Но, ако уредувате поголема соба, ова парче мебел може да биде идеално – ќе ви даде многу простор за складирање, а и ќе направи просторијата да изгледа топло.
Спирова С. | Црнобело
