На гости кај Татјана: Колоритен стан на Македонка во Швајцарија со специјално катче посветено на верата (фото)
Со оваа палета, нашиот дом стана место исполнето со хармонија, светлина и пријатна емоционална енергија.

Во минатото моето омилено катче од станот беше кујната, но последниве пет години тоа се смени.


Денес, моето омилено катче е фотелјата, каде што после работа седнувам со шолја кафе, читам весници и ја следам мојата омилена рубрика „Нови дизајни и парчиња за уредување на дом“.

Секако, посебно значајна за мене е и мојата спална соба, бидејќи таму го наоѓам вистинскиот мир, а пред огледалото за шминкање имам моменти на инспирација и време за себе.

Нашиот дом не е само место за живеење, туку вистинско огледало на љубовта, трудот и заедничката креативност.

