На гости кај Татјана: Колоритен стан на Македонка во Швајцарија со специјално катче посветено на верата (фото)
Секоја боја, секој детаљ и секое парче мебел носи своја приказна и придонесува за тоа просторот да биде исполнет со среќа, вера и хармонија.
Нашето купатило го уредивме со тапети во мозаик стил, при што мојот избор беа зелени нијанси.

Зелената боја ја одбрав со посебна намера – да се чувствувам како да сум во СПА центар, опкружена со свежина, смиреност и природна енергија.
Мозаикот, со своите ситни и внимателно сложени детали, создава впечаток на уметност и хармонија во просторот.
Комбинацијата на зелените тонови внесува свеж воздух и спокој, а секој влез во купатилото е како мало бегство од секојдневието.

Денес, купатилото не е само функционално место, туку и мое омилено катче за релаксација, каде што зелениот мозаик создава атмосфера на мир и баланс – исто како во вистински СПА центар.
Детската соба е уредена во пријатна комбинација од розoва и тиркизна боја, создавајќи топла и весела атмосфера.
Просторот е наменет за две девојчиња на возраст од 10 и 11 годишна возраст и е организиран така што им нуди удобност, практичност и инспиративна средина за игра и учење.

Собата содржи два кревети, секој со свој мал дел за лични предмети, плус работна маса прилагодена за школски активности и креативни игри.
Боите розова и тиркизна се избрани со цел да ја истакнат ведрината, динамиката и младешкиот дух, а истовремено да дадат чувство на хармонија и радост.
Секој детаљ во просторијата е внимателно осмислен за да ја одрази детската енергија и да поттикне позитивна и креативна средина во која децата ќе се чувствуваат среќно и безбедно“.




©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
