8 корисни идеи за уредување многу мала кујна – ќе ви заштедат простор
Паметно искористете го просторот под мијалникот
Ако сте како повеќето, во шкафчето под мијалникот веројатно ви владее хаос.
Но, ова е голем простор кој може да го искористите за многу работи ако го организирате добро со полици.
Ставете маса која се расклопува
За мали кујни, масите кои се раскопуваат се идеални бидејќи зафаќаат малку простор, а можете да ги расклопите во поголеми ако имате гости.
Или, можете да ставите и маса која е монтирана на ѕидот, па да ја отворате по потреба.
Ставете елементи со повеќе фиоки и прегради
Кујната со многу фиоки, па и скриени прегради, како за зачини, ќе ви заштеди многу простор на работната маса.
Купете организери
Во шкафчињата ставете организери кои ќе ги одделуваат предметите и продуктите. Можете да купите и помали полици кои ќе ги ставите внатре.
На овој начин ќе можете да ставите повеќе работи во шкафчињата, без да ви владее хаос.
Спирова С. | Црнобело