8 корисни идеи за уредување многу мала кујна – ќе ви заштедат простор
Купете елементи со помали димензии, како плотна со две рингли, и искористете го просторот под шкафчињата за да закачите ножеви, лажици за готвење или, пак, за да ги наредите зачините на мала полица.

Само затоа што имате минијатурна кујна, не значи дека во неа не можете да ставите сè што ви треба, без да изглед натрупано.
Треба само паметно да го испланирате просторот и да се водите според функционалноста.
Неколку идеи што можеби ќе ви се најдат:
Висечки елементи што стигнуваат до таванот
Кога имате мала кујна, ќе треба да бидете креативни со просторот за складирање.
Идеално би било да ставите висечки елементи кои стигнуваат до самиот таван. Вака ќе имате многу повеќе простор за складирање, а кујната нема да изгледа натрупано.
Искористете го просторот на вратите од шкафчињата
На внатрешната страна од вратите од шкафчињата можете да закачите мали полици за зачини или, пак, да направите место за складирање на капаците од тавите и тенџерињата.
Купете помали апарати
Освен ако не сте многу големо семејство, сигурно не ви треба плотна со четири рингли, па слободно купете помала, со две.
Можете да купите и рерна со помали димензии или помала машина за садови.
Искористет го просторот на ѕидовите
Ѕидовите под висечките елементи не мора да стојат празни – овде можете да закачите ножеви, кутлачи, лажици за готвење…
Ако имате поголем празен ѕид, исто така можете да го искористите да закачите нешто.