10 работи кои ги имате во кујната, а не одговараат на стилски и удобен дом
Намирници складирани во ќеси и видливи кутии, детергенти за садови во оригинални пакувања, куп работи расфрлани врз микробранова печка, прекористени, стари и уништени крпи... Работи кои ги имате во кујна, а се косат со концептот на удобен и стилски дом.

Можеби некои луѓе кујната ја гледаат како одвоен дел од домот кој е наменет само за да се зготви јадење и да се складираат садови, но не е така.
Кујната е исто така составен дел од домот, ентериерот и место каде се поминува доволно долго време, за да сакате да ви биде пријатно.
Дополнително, доколку сакате стилски уреден дом, тогаш мора да внимавате и на некои „ситници“ кои го грубат тој изглед.
Работи во кујната кои не одговараат на концептот „удобен дом како од списание“:
Намирници кои се складирани во кеси, канти и други видливи места

Голи прозорци без завеса

Неквалитетни и уништени даски за сечење

Работи натрупани врз микробранова печка или фрижидер

Застерени и валкани садови или амбалажи за зачини, шеќер и кафе

Прекористени, искинати, извалкани крпи

