9 мали (и евтини) детали што прават домот да изгледа раскошно и отмено
Продукти за нега наредени во послужавник, убави чаши и големо уметничко дело на ѕидот.

Со неколку внимателно избрани детали, можете да направите домот да ви изгледа пораскошно.
Најдоброто е што овие детали можете да ги најдете и по многу ниска цена, па лесно ќе го трансформирате домот за малку пари.
Осум детали што прават домот да изгледа пораскошно:
Свеќи
Свеќите создаваат мошне пријатна атмосфера во домот. Ако, пак, купите и елегантни свеќници, ќе имате релативно евтина декорација која изгледа луксузно.

Убави закачалки за облека
Иако ќе ги гледате само вие, гардероберот ќе ви се чини многу пораскошен ако купите убави закачалки.

Убави чаши
Пиењето од убава чаша е секогаш поголемо уживање.
Притоа, ако чашите ви се изложени на видно место, ќе ви послужат и како декорација.

Ленена постелнина
Ленената постелнина е идеална бидејќи му дозволува на телото да дише.
Покрај тоа, има влијание и врз изгледот на спалната соба.

