Пет причини зошто француските кујни изгледаат пријатно и убаво (дури и кога се хаотични)
Во француските кујни, секогаш има парче мебел, декорација и слично што не е во склад со останатиот декор. И, токму ова им дава посебен шарм.

Француските кујни, какви што ги гледаме на филмови, па и на Инстаграм, дефинитивно имаат некој посебен шарм.
Не секогаш се модерни, но јасно е дека се практични и функционални, а притоа изгледаат и навистина убаво.
Пет причини зошто:
Несовршеноста има свој шарм
Премногу совршената кујна, каде сè е „под конец“ може да делува малку стерилно и да нема топлина.
Во француските кујните секогаш има парче мебел, декорација и слично што не е потполно во склад со останатиот декор, а токму ова им дава посебен шарм.
Не ги кријат сите предмети
За да има топла и пријатна атмосфера, кујната не треба да изгледа како од каталог.
Односно, не мора да ги криете сите садови, тенџериња, крпи и слично туку можете да ги искористите и како декорација.
Топло светло
Во кујната треба да имате добро осветлување, особено над шпоретот и работната маса.
Но, подобро е да не ставате многу судено светло, туку дајте им предност на потоплите тонови кои веднаш го менуваат амбиентот.
Трпезариската маса е акцентот на кујната
Кујната е место за готвење, за јадење и социјализација, па трпезариската маса треба да биде акцентот.
Детали што имаат значење за вас
Кујната ќе изгледа многу подобро ако во неа има украс, крпа, филџан или каква било ситница што за вас и семејството има значење.
Спирова С. | Црнобело