5 кул решенија за малите кујни да изгледаат стилски и просторно
Мали коцкести плочки во боја кои создаваат ефект на бесконечен мозаик, или комбинација од цигла со бели елементи - кул решенија за ѕидните површини во малите кујни со кои ќе добиете стилски дизајн.

Ако во скоро време планирате реновирање или уредување нова кујна, која не е многу голема по квадратура, има начини како визуелно да ја направите да изгледа стилска и корисна.
Дизајнерите советуваат да не бирате големи плочки, да не ставате гломазни елементи до горе и уште неколку идеи со кои просторот ќе изгледа кул.
И секако, зборуваме за навистина мали кујни, кај кои нема можност да се направи магија да изгледаат многу поголемо, но барем ќе имаат дизајнерска нота.
Кул решенија за малите кујни да изгледаат стилски:
Мали коцкести плочки
Во малите станови, овие ѕидни плочки за во кујна се идеални, бидејќи создаваат ефект на бесконечен мозаик што визуелно го проширува просторот, а остава силен стилски впечаток, но и лесно се чисти, посебно кога се во нежна боја.

Ѕид со цигли и бели елементи
Циглите искомбинирани со бела, малку сјајна површина е тренд кој е оригинален, белото го прави просторот поголем, а циглите додаваат графика и длабочина.

Ниска ѕидна облога
Наместо ѕидот измеѓу елементите целосно да го покривате со исти плочки, минималистите во последно време покриваат само 30-40cm во висина за да биде заштитен од прскање, а остатокот го оставаат како отворен простор. Но секако, ѕидот не е целосно заштитен од прскање и дамки од аспект на практичност за чистење.

Стаклени блокови од работна површина до горе
Со овие транспарентни коцки просторот се одвојува, а не се губи природно светло, па идеално е за сончеви кујни каде светлината ќе си го одигра своето за зголемување на просторот, а дава кул ретро нота.

Плочки во силни и впечатливи бои и шари
Плочките во светли и силни бои со геометриски дезен се храбар акцент на ѕидната површина меѓу елементите, кој даваат храбар контраст и го оживуваат просторот кој делува монотоно, дури и ако е мал.

M. M. | Црнобело