Како да го претворите балконот во омиленото катче за летните ноќи (со само 5 работи)?
Удобно место за седење, масичка и пријатно светло – не ви требаат многу работи за да го претворите балконот во совршена оаза.

Балконот е идеално место за летните ноќи, но важно е и да биде убаво уреден за да ви биде пријатно.
А, за ова не треба да купувате којзнае што – доволни ви се само некои основни работи.
Со кои пет работи можете да го претворите балконот во омиленото место од домот?
Надворешен тепих
Кога на балконот ќе ставите надворешен тепих, или барем помала дипла, просторот веднаш ќе добие топлина.
Ова е особено корисен трик ако балконот е постар и подот изгледа истрошено.

Сијалички
Светлото што веќе го имате на балконот веројатно е многу силно, а привлекува и инсекти.
Балконот ќе изгледа многу попријатно ако ставите мали сијалички или една-две помали столни ламби со жолто светло.

Удобно место за седење
Нормално, важно е да имате и удобно место за седење.
Но, избегнувајте ги цврстите столчиња за тераса кои обично не се многу удобни за подолго седење.
Можете да купите некоја мала гарнитура за тераса, на пример од бамбус, или пак ставете вреќа за седење ако немате простор за ништо друго.
Покрај гарнитурата, ставете и мала масичка.

Декоративни перничиња
Перничињата не само што се добра декорација, туку го прават и местото за седење многу поудобно.
Можете да изберете модели со контрастна боја и дезени, па перничињата да бидат како акцент на просторот.

Растенија како декорација
Балконот е идеално место за растенија.
Зеленилото му дава свежина на просторот и секогаш изгледа убаво.
Секако, осигурете се дека ќе ставите растенија кои можат да ги поднесат условите на вашиот балкон (дали е под сенка или на сонце).
Ако, пак, немате нерви за природни растенија, и вештачките може да изгледаат исто убаво.

Спирова С. | Црнобело