„Старински“ трендови за уредување кои повторно се хит
Заоблен мебел, ѕидови со текстура, но и несовршени дворови кои изгледаат многу поприродно.

Минимализмот е тренд што доминираше со години, но сè повеќе луѓе му се враќаат на „максимализмот“.
Полупразните домови кои изгледаат како од каталог може да делуваат студено, па луѓето почнуваат да бараат инспирација кај постарите трендови.
Четири старински трендови кои повторно се хит:
Заоблени детали
Правите линии кои доминираат во минимализмот веќе не се толку популарни.
Сега им се дава предност на заоблени детали, како кружни маси, заболени столчиња и гарнитури со помеки рабови.
Не само мебелот, туку и деталите како плочки со кружни форми исто така добиваат на популарност.

Чоколадни нијанси
Богатите чоколадни нијанси му даваат топлина на просторот и одлично се вклопуваат во секоја просторија.
Исто така популарна станува и бојата на ’рѓа и генерално сите топли земјени тонови.

Ѕидови со текстура
Празните и мазни бели ѕидови веќе делуваат монотоно многу празно.
Од друга страна, вистински хит се ѕидовите со текстура кои му даваат свежина на просторот, дури и ако се офарбани со бела боја.

Несовршени градини
Наместо дворот кој делува премногу совршено, сега попопуларни се градините кои изгледаат поприродно.
Па, мешајте разни растенија и ставете што е можно повеќе зеленило.
Во дворови доста популарни се и патеките со камчиња, наместо само со бетон.

Спирова С. | Црнобело