Креативни празнични декорации со сијалички

За време на новогодишните празници разгорете ја магијата на шарените сијалички на малку поинаков начин.

kreativni-praznicni-dekoracii-so-sijalicki-01

Доколку ви здодеаа едноличните декорации неколку години по ред, време е да ја покажете вашата креативност.

Кога станува збор за надворешна декорација на дворот или терасата, постојат голем број идеи со кои може да го замените стандардното редење на сијаличките покрај вратата и прозорите.

Испробајте да ги вклопите во растенијата и дрвцата кои ги имате во дворот. Земете неколку бамбусови топки со различни големини, замотајте ги со сијалички и поставете ги било каде на терасата.

Висечките саксии кои најверојатно се празни на ниските температури исто така замотајте ги и наполнете ги со интересни лампиони или шишарки.

kreativni-praznicni-dekoracii-so-sijalicki-1

kreativni-praznicni-dekoracii-so-sijalicki-2

kreativni-praznicni-dekoracii-so-sijalicki-3

kreativni-praznicni-dekoracii-so-sijalicki-4

Внатрешните декорации со сијалички се исто толку интересни. Наместо на елката или пак на сводот над вратата, оваа година наредете ги на завесата или пак залепете ги на ѕидот во некој интересен облик, како на пример мини елка или снегулки.

Замотајте ги околу сликите, декоративните сувенири или пак зеленилото. Исто така можете да направите уникатна светилка доколку ги ставите во шише или стаклен сад.

Ќе добиете разнобојно, новогодишно осветлување на спалната или дневната соба. Во стаклениот сад исто така можете да додадете стаклени лампиони од кои ќе се одбива светлината, за празничен и по малку романтичен ефект.

kreativni-praznicni-dekoracii-so-sijalicki-5

kreativni-praznicni-dekoracii-so-sijalicki-6

kreativni-praznicni-dekoracii-so-sijalicki-7

kreativni-praznicni-dekoracii-so-sijalicki-8

kreativni-praznicni-dekoracii-so-sijalicki-9

kreativni-praznicni-dekoracii-so-sijalicki-10

Би можело да ве интересира:

Трикови за уредување соба со малку природна светлина Ставете големо огледало спроти прозорецот и наместо темни завеси, ставете лесни ...
Како да го претворите балконот во омиленото катче за летните ноќи (со само 5 работи)? Удобно место за седење, масичка и пријатно светло – не ви требаат многу работи з...
5 трикови со кои визуелно ќе го зголемите малиот ходник Големото огледало е идеално за мали простории бидејќи визуелно го зголемува прос...
12 луѓе кои со малку труд (и фантазија) ѝ дадоа нов лик на старата кујна „Со сопругот наскоро ќе се преселиме во куќата во која пораснал. Сакаме да смени...
Идеи како да ја украсите терасата новогодишно (за да биде најубава од сите) Дали секогаш се восхитувате на убаво украсените тераси однадвор во новогодишниот...
6 новогодишни трендови за уредување кои ќе доминираат за 2025/26 (и 3 што се „аут“) Ralph Lauren украсувањето со богати новогодишни дезени е вистински хит и ќе го г...

Најчитани неделава