5 трикови со кои визуелно ќе го зголемите малиот ходник
Големото огледало е идеално за мали простории бидејќи визуелно го зголемува просторот, а ист ефект имаат и светлите бои на ѕидот.

Малиот ходник може да биде практичен и функционален, а притоа да изгледа и убаво ако следите некои правила за уредување.
Пет трикови кои ќе ви помогнат визуелно да го зголемите:
Ставете огледало на ѕидот
Големото огледало може визуелно да го зголеми просторот, па е идеално за мали ходници.

Функционален мебел
Кога купувате мебел за мал ходник, осигурете се дека ќе биде мултифункционален.
На пример, можете да ставите клупа со простор за чевли или вградена закачалка со шкафчиња за чевли.
Исто така, осигурете се и дека ќе го искористите вертикалниот простор за складирање.

Добро осветлување
Кога просторијата е мрачна, може да изгледа уште помала.
Ако во ходникот не допира многу природно светло, тогаш ставете повеќе извори на светлина, како ѕидни ламби.
Само најдобро избегнувајте ги подните ламби бидејќи зафаќаат повеќе простор.

Не трупајте многу мебел и декорации
За ходникот да изгледа попростран, важно е во него да има што е можно помалку предмети.
Па, освен неопходниот мебел и некој украс на ѕидовите, избегнувајте други декорации кои само ќе ви зафаќаат простор.

Сменете ја бојата на ѕидовите
Бела, беж, светлосива – ова се нијанси кои се идеални за мал ходник бидејќи прават просторот да изгледа пошироко.
Ако сепак сакате и малку боја, тогаш ставете ја најмалиот ѕид, на пример околу влезната врата.
Доколку сакате нешто пошарено, тогаш добар избор е тапет со вертикални линии, но само на еден ѕид.

Спирова С. | Црнобело
