Фенг шуи совети за елиминирање на негативната енергија од домот

Постои голема шанса во вашиот дом да се таложи негативна енергија, без да го забележите тоа.

4-feng-sui-soveti-za-eliminiranje-na-negativnata-energija-od-domot-01.jpg

Затоа, според Фенг шуи советите важно е секојдневно да ги правите овие 4 работи за да се ослободите од негативната енергија во ѕдовите, подот, мебелот...

Отворете ги прозорите

Сетете се само колку убаво се чувствувате кога сте во природа. Воздухот ви помага да се чувствувате поубаво и посвежо, па затоа дајте му ја оваа „дива“ страна на вашиот простор. Надворешниот воздух буквално го прочистува вашиот дом на секој можен начин.

Запалете темјан

Стапчињата со мирис на темјан имаат смирувачко дејство. Запалете ги по бурната расправија во домот или било која непријатност - тие ќе ви помогнат да ја вратите рамнотежата. Стручњаците препорачуваат и стапчиња од сандаловина, која го има сличниот ефект.

4-feng-sui-soveti-za-eliminiranje-na-negativnata-energija-od-domot-02.jpg

Чистете редовно

Не дозволувајте прашината да се собира со денови. Симболичното пребришување или метење може да го реши проблемот. Метлата е има позитивно значење во Фенг шуи верувањето, затоа што има улога на предмет кој буквално ја елиминира негативната енергија.

Користете убави зборови

Навиките не се менуваат преку ноќ, но пробајте постепено. Кога одите низ вашиот дом потрудете се да мислите само на убави работи и да изговарате пријатни зборови, наместо да ја истурате негативната енергија.

Би можело да ве интересира:

Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
10 детали во ентериерот кои го уништуваат скапиот изглед на домот Кабли и штекери насекаде, застарени завеси, празни ѕидови и прозорци – кои работ...
9 мали (и евтини) детали што прават домот да изгледа раскошно и отмено Продукти за нега наредени во послужавник, убави чаши и големо уметничко дело на ...
Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои...

Најчитани неделава