Фенг шуи: Каде да ја поставите новогодишната елка?

Ако и оваа година се двоумите каде да го поставите новогодишното дрво, послужете се со овие неколку Фенг шуи совети.

feng-shui-kade-da-ja-postavite-novogodisnata-elka-01.jpg

Најдобро место за вашата новогодишна елка се сите агли во вашиот дом или централниот дел од домот, каде ќе треба да се стабилизира празничната енергија.

Каде и да ја поставите вашата елка, внимавајте да не го попречите протокот на Чи енергијата, односно не елката не смее да ги блокира влезовите во домот и да биде преблиску до вратите.

2 места каде што не смее да ја поставите:

- Во ходник или соба каде го блокира движењето

- Близу до изворот на топлина

feng-shui-kade-da-ja-postavite-novogodisnata-elka-02.jpg

Според Фенг шуи начинот на уредување, триаголникот е облик на оган во ова верување, а затоа што новогодишната елка го има овој облик сите советуваат дека треба да стои во горниот лев агол од вашиот дом.

Овој дел од домот се смета за катче на богатството, а триаголниците како облик и дрвото како материјал, влијаат позитивно на атмосферата.

Поставувањето на елката во горниот лев агол (гледано од влезот на куќата или станот) ќе привлече богатство, просперитет и хармонија во вашиот дом.

Би можело да ве интересира:

Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
Предмети кои носат несреќа во домот, според фенг шуи (и треба да ги фрлите или преместите) Експертите за фенг шуи тврдат дека постојат одредени предмети во домот кои ја на...
10 практични и кул парчиња од ТEMU - може да се вклопат во секој дом Мала табуретка за на неа да си ги одморите нозете, украсни полици кои може да сл...

Најчитани неделава