10 работи кои гостите никогаш нема да ги забележат во вашиот дом

Ако и вие спаѓате во онаа група луѓе кои избегнуваат да канат гости од страв или срам дека домот не ви е доволно добар или дека подоцна ќе ве озборуваат за некои работи, кои веројатно само вие ги забележувате и ви пречат, тогаш ослободете се.

10-raboti-koi-gostite-nikogas-nema-da-gi-zabelezat-vo-vasiot-dom-01.jpg

Многу лесно може да кажете дека мебелот или креветот кај вашите пријатели особено ви се допаѓа и да чекате прво да си го обновите вашиот, па да повикате гости.

Но, нема потреба воопшто да се срамите и да се грижите за некои работи кои само вие ги забележувате.

Ова е списокот на 10 работи кои пријателите никогаш нема да ги забележат, освен ако не се дојдени како инспекција:

1. Неуреден фрижидер

2. Неуреден подрум или таван

3. Несредени полици со книги

4. Вашата колекција со играчки и ситници од детството

5. Купот сметки и писма кој сте го заборавиле во ходникот

6. Ѕидовите во дневната соба кои не излегле како што сте замислувале

7. Прашината и пајажината во аглите на ѕидовите.

8. Мебелот кој не е нов и не е сјаен

9. Пешкирите во распар бои во бањата

10. Изгребан патос или паркет


Вистинските пријатели на гости, сигурно ќе забележат 3 работи:

1. Ако сте под стрес и не сте доволно опуштени и насмеани

2. Доколку нема доволно храна на трпезата, а сте ги повикале на вечера

3. Доколку им се празни чашите


Што вие забележувате вие на гости?

Би можело да ве интересира:

Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
9 трикови за стилска бања со мал буџет (без реновирање) Сменете ја чешмата, ставете ѕидна ламба и сменете ја бојата на ѕидовите во богат...
10 детали во ентериерот кои го уништуваат скапиот изглед на домот Кабли и штекери насекаде, застарени завеси, празни ѕидови и прозорци – кои работ...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
5 ситници за попријатна атмосфера во домот во есен и зима (без да трошите многу пари) За миговите кога се релаксирате, купете евтина столна ламба со жолта сијалица, а...
На гости кај Татјана: Колоритен стан на Македонка во Швајцарија со специјално катче посветено на вер... „Во домот имаме и посебно место за Бог, бидејќи како голем верник во христијанст...

Најчитани неделава