5 начини како да ја средите кујната за 30 минути и помалку

Имате малку слободно време кое не знаете како да го потрошите? Средете ја кујната! Прочитајте ги овие 5 едноставни трикови како за кратко време да направите ред во кујната.

5-nacini-kako-da-ja-sredite-kujnata-za-30-minuti-i-pomalku-0

Ако имате 10 минути

Исчистете ја работната површина.

Најдете им место на сите апарати кои не ги користите секој ден. Тостерот, блендерот или апаратот за кафе нема потреба постојано да зафаќаат простор кој може многу попрактично да го искористите.


Ако имате 15 минути

Подредете ги средствата за чистење во шкафчето под мијалникот.

Извадете ги сите детергенти; фрлете го оние кои се исушиле, останатите поминете ги со мокра крпа. Подредете ги по намена (плочки, мебел, стакло итн) и ставете ги во посебни пластични кутии-на овој начин ќе биде лесно да ги земете кога ќе ви затребаат.


Ако имате 25 минути

Објавете и војна на преполната кујнска фиока

Поставете си две прашања: „Помина ли месец откако последен пат го користев ова?“, „Имам ли нешто друго кое работи подобро?“ Ако и двете прашања ги одговорите потврдно, подарете го. Не може да се решите? Ставете го во некоја кутија која ќе ја однесете во подрум. Ако кутијата не е отворена и после година дена, крајно време е да кажете „чао“


И потоа...

Средете ги садовите за складирање

Без размислување фрлете ги старите пластични садови кои одамна немаат капак или кои ја смениле бојата или формата. На едно четиричлено семејство потребни му се највеќе дванаесет вакви садови. Задржете ги садовите кои се со слична големина бидејќи зафаќаат помалку место откако ќе ги наредите.


Ако имате 30 минути

Исчистете го фрижидерот

Фрлете се што е со поминат рок на траење, малите работи ставете ги во проѕирни пластични садови, поминете ги со мокра крпа шишињата и теглите. Проверете го замрзнувачот - ако најдете храна за која не може никако да се сетите кога сте ја замрзнале, фрлете ја.

Би можело да ве интересира:

Пластични канчиња како саксии и уште 5 работи кои ги има во турските домови (а и кај нас) Милјеа на секоја рамна површина, дополнителни мали масички во некој ќош кои се п...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
10 работи кои ги имате во кујната, а не одговараат на стилски и удобен дом Намирници складирани во ќеси и видливи кутии, детергенти за садови во оригинални...
9 трикови за стилска бања со мал буџет (без реновирање) Сменете ја чешмата, ставете ѕидна ламба и сменете ја бојата на ѕидовите во богат...
12 луѓе кои со малку труд (и фантазија) ѝ дадоа нов лик на старата кујна „Со сопругот наскоро ќе се преселиме во куќата во која пораснал. Сакаме да смени...
5 мали промени што ќе ја освежат кујната (а не чинат многу) Кружно огледало, ѕидна ламба, впечатлив прекрива за маса – ова се ситници кои не...

Најчитани неделава