8 идеи за модерен отворен плакар

Идејата за отворен плакар претставува забавен и практичен начин како да го уредите просторот.

10-idei-za-moderen-otvoren-plakar-01.jpg

Прво морате убаво да ги испланирате работите, односно да ги одделите оние парчиња облека кои нема да ги носите од работите кои најчесто ги користите. 

Плакар позади кревет

10-idei-za-moderen-otvoren-plakar-02.jpg

Уникатна идеја како да ги наредите вашите омилени парчиња облека. Ќе создадете интересен ефект со внесување на различни бои веднаш зад вашиот кревет.


Метални полици

10-idei-za-moderen-otvoren-plakar-03.jpg

Ваквите полици нудат флексибилно решение за вашата облека. Во секое време ќе можете на нови и интересен начин да ги преуредите парчињата облека кои најчесто ги носите. Овие полици се издржливи, прилагодливи и практични.


Метален држач

10-idei-za-moderen-otvoren-plakar-04.jpg

Минималистичка, модерна и што е најважно практична шипка на која можете да ја закачувате вашата облека. Ако немате доволно место во плакарот, шипката претставува одлично решение.


Скандинавски дизајн

10-idei-za-moderen-otvoren-plakar-05.jpg

Неутрални бои, бел под, бели ѕидови - тоа е она што ја прави собата светла и отворена. Голем плакар ќе ја затвори собата, затоа дизајнерите креирале нешто уникатно.


Микс

10-idei-za-moderen-otvoren-plakar-07.jpg

Со мешање на полиците и деловите за закачалки добивате креативен простор кој е многу практичен и ќе изгледа како дел од некое списание.


Дрвени полици

10-idei-za-moderen-otvoren-plakar-08.jpg

Дрвените полици се комбинација на функционалност и уметност. Убавото темно дрво ќе изгледа одлично со другите парчиња мебел во собата.


ИКЕА дизајн

10-idei-za-moderen-otvoren-plakar-09.jpeg

Ако сте љубител на чевлите можете да ги сместите во овој отворен плакар и да го направите да изгледа како уметнички ѕид.


Половина покриен

10-idei-za-moderen-otvoren-plakar-10.jpg

Ако не сакате да имате целосно отворен плакар од кој се гледа буквално сè, можете барем на еден дел да поставите бела завеса која ќе прикрие дел од облеката.

Би можело да ве интересира:

7 трикови за уредување со кои и скромниот дом ќе делува луксузно Бр. 1 - не се плашете да ставите мебел или украс во темни бои кои делуваат луксу...
5 ситници за попријатна атмосфера во домот во есен и зима (без да трошите многу пари) За миговите кога се релаксирате, купете евтина столна ламба со жолта сијалица, а...
Луѓе кои си ги претвориле балконите во удобно катче за сончевите денови (фото) „Ако имате мал балкон, има 3 работи со кои за малку пари ќе го трансформирате – ...
Четири безвременски бои за домот кои секогаш се сигурен избор Пудрестите тонови делуваат топло, но не се премногу нападни, па затоа и важат за...
Стилски и практични идеи како да го декорирате ѕидот зад гарнитурата во дневна соба Огледалата визуелно ќе ја зголемат малата дневна, додека украсните лајсни се иде...
Идеи како да ја украсите терасата новогодишно (за да биде најубава од сите) Дали секогаш се восхитувате на убаво украсените тераси однадвор во новогодишниот...

Најчитани неделава