Четири безвременски бои за домот кои секогаш се сигурен избор
Пудрестите тонови делуваат топло, но не се премногу нападни, па затоа и важат за безвремени. Изгледаат одлично со природни материјали како дрво.

Трендовите постојано се менуваат, а ова правило важи и за ентериери.
Па, затоа е препорачливо кога го уредувате или реновирате домот, да не се водите многу според трендови, особено ако не ви е во план да реновирате во наредните неколку години.
Овде спаѓаат и боите на ѕидовите. Иако варосувањето е нешто што го правиме почесто, нормално е ако не ви се ризикува со некој тренд.
Четири бои кои секогаш важат за класика и се сигурен избор за ѕидовите во домот:
Бела
Иако изминативе неколку години не е тренд, факт е дека белата важи за класика со која нема да погрешите.
Се вклопува во секаков ентериер, а ако ви делува премногу студено, можете да ставите малку потемна нијанса.

Светли пудрести тонови
Пудрестите тонови, како нијанси на беж, делуваат топло, но не се премногу нападни и затоа се безвремени.
Идеални се за секоја просторија – од дневна до спална – а изгледаат одлично со природни материјали како дрво или камен.

Земјени тонови
Земјените тонови создаваат навистина пријатна атмосфера, а можете да ги комбинирате и со пудрести тонови.
Можат да бидат идеална основа бидејќи изгледаат добро без разлика во каков стил е уредена собата.
Земјените тонови е најдобро да ги користите на ѕидни површини без прозорци и врати – така ѝ даваат длабочина на просторијата.

Темни, богати нијанси
Богатите нијанси, како темносина или темнокафеава, ѝ даваат елеганција на просторијата, а исто така не се подложни на брзите промени на трендовите.
Но, со ваквите нијанси е важно да не претерувате – најдобро е да се користат на само еден ѕид, за да го акцентираат.

Спирова С. | Црнобело