Како да ги отстраните дамките од душекот?

Дали на душеците по дома имате тврдокорни дамки од кои не можете да се ослободите? Секако дека може да ви се случи тоа, особено ако имате мали деца во домот.

kako-da-gi-otstranite-damkite-od-dushekot-01.jpg

За среќа, постои одлично решение за отстранување на дамките и непријатните мириси од душеците со помош на неколку состојки кои веќе ги имате дома.

Како да ги отстраните дамките од душеците?

Потребни состојки:

  • 250ml 3% хидроген (се продава во сите аптеки)
  • 3 супени лажици сода бикарбона
  • Капка течен сапун или средство за миење на садови

Смесата треба да ја направите непосредно пред самиот процес на чистење за да биде максимално ефикасна.

Промешајте ги хидрогенот и сода бикарбоната. Кога сода бикарбоната целосно ќе се раствори во хидрогенот, додадете го течниот сапун и уште еднаш промешајте.

Ставете ја течноста во празен распрскувач и испрскајте го делот од душекот каде се наоѓа дамката.

Оставете ја активната пена да делува, почекајте да се исуши, а потоа само со сува четка отстранете ги остатоците од сода бикарбоната.

Со ова средство можете да го исчистите и целиот душек.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пет совети како да додадете раскош и луксуз во домот Винтиџ украси, впечатлив лустер и внимателно избрани уметнички дела – со неколку...
Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби. Пр...
7 трендови за уредување кои ќе доминираат во домовите во есен 2025 Мермерни елементи, палета со топли тонови, слоевито уредување со тепих, ќебенца ...
6 новогодишни трендови за уредување кои ќе доминираат за 2025/26 (и 3 што се „аут“) Ralph Lauren украсувањето со богати новогодишни дезени е вистински хит и ќе го г...
9 мали (и евтини) детали што прават домот да изгледа раскошно и отмено Продукти за нега наредени во послужавник, убави чаши и големо уметничко дело на ...
5 идеи како да ги врамите сликите во домот, за луксузен и уникатен изглед (фото) Ако ги ставите малите слики во големи рамки, ќе добиете совршена декорација со м...

Најчитани неделава