Како да ги изберете вистинските бои за вашиот дом?

Спремни сте за боење ѕидови, но не знаете која боја да ја одберете? Запомнете дека за најдобар резултат мора да го избегнувате случајниот избор на бои затоа што преку ѕидовите ја раскажувате приказната на вашиот дом.

kako-da-gi-izberete-vistinskite-boi-za-vasiot-dom-01

Секогаш можете да погледнете во својот плакар и да погледнете која боја доминира – тоа е бојата во која се чувствувате најудобно и ова може да ви биде водич да изберете боја за вашиот дом.

Меѓутоа, ако не сте подготвени за експерименти и сакате да играте на сигурно, тогаш следете ги овие совети:

1. Одредете која боја преовладува во вашиот животен простор

Потоа одберете 2 комплементарни нијанси – една топла и една ладна, кои можете да ги комбинирате во вашиот дом.

Комплементарните бои се наоѓаат на спротивни страни од палетата (портокалова – сина, виолетова – жолта, црвена – зелена). Пример: ако ѕидот од дневната е црвен, тогаш спалната нека биде зелена.

Ладните бои (сина, зелена, виолетова) предизвикуваат релаксација, додека топлите (црвена, жолта, портокалова) го развеселуваат и го живнуваат просторот.


2. Обратете внимание на вашата околина

Ако живеете во топол и сончев крај, неутралните или меките сини тонови ќе создадат баланс со богатството од бои во надворешниот свет.

Меѓутоа, ако вашата животна околина е сива поради временските услови и околните згради, тогаш внесете топли бои во домот кои ќе направат да се чувствувате поубаво и повесело.


3. Внимавајте на „живи“ бои

Избегнувајте неонски бои кои се премногу силни за очите. Одбирањето на помалку „живи“ нијанси е еден од начините како да направите баланс во домот и како да ја олесните тензијата помеѓу боите.


4. Комбинирајте ги боите

Ако сакате домот да ви биде во една боја, тогаш користете мали елементи во контрастни бои кои ќе привлечат внимание, но сепак нема целосно да го одземат. Одлична идеја се перниците, разните ламби, постелнина...

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи како да внесете пролетна естетика во вашиот дом (како кај инфлуенсерите) Кај македонските инфлуенсерки сигурно веќе ги гледате чиниите и шолјите во форма...
Како да го претворите балконот во омиленото катче за летните ноќи (со само 5 работи)? Удобно место за седење, масичка и пријатно светло – не ви требаат многу работи з...
16 луѓе кои открија дека реновирањето во домот не мора да биде мачење Многу луѓе велат дека реновирањето на домот е полошо од пожар или поплава - и не...
10 практични и кул парчиња од ТEMU - може да се вклопат во секој дом Мала табуретка за на неа да си ги одморите нозете, украсни полици кои може да сл...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
5 трикови за стилски дом што ги користат дизајнерите на ентериер Комбинирајте повеќе дезени во една просторија, а ако ви се чини дека недостасува...

Најчитани неделава