10 работи кои прават вашиот дом да изгледа натрупано

6. Разнобојни крпи во бањата

Крпите во бањата се само еден сегмент кој треба да го следи стилот кој сте го избрале за бањата. Ако сте решиле бањата да биде во некоја смирена, земјена нијанса најголемата грешка е изборот на крпи во силни бои како зелена или жолта бидејќи на тој начин ја уништувате создадената хармонија.

10-raboti-koi-pravat-vasit-dom-da-izgleda-natrupano-6.jpg


7. Спортска опрема

Сите знаеме дека справите за вежбање како „Орбитрек“ истовремено имаат уште една многу корисна функција во сечиј дом, тие се одлична закачалка за сите работи кои сте ги облекле од себе и сте немале време да ги средите. Сепак имајте на ум дека самите справи го нарушуваат изгледот на просторот, а за облеката на нив и да не зборуваме.

10-raboti-koi-pravat-vasit-dom-da-izgleda-natrupano-7.jpg


8. Постелнини

Ако во спалната соба акцентот е ставен на деталите, тогаш во никој случај не ви е потребна постелнина со леопард принт. Изборот на едноставна и ненаметлива постелнина секогаш е полн погодок кога е во прашање изгледот на спалната соба.

10-raboti-koi-pravat-vasit-dom-da-izgleda-natrupano-8.jpg


9. Кујнски прибор и зачини

Постојат толку многу креативни решенија токму за овој дел од кујната што сосема е неприфатливо таа да биде натрупана со еден куп теглички со зачини кои повеќе ви го отежнуваат готвењето отколку што ви го олеснуваат.

10-raboti-koi-pravat-vasit-dom-da-izgleda-natrupano-9.jpg


10. Играчки

Сите знаат дека е тешко да се одржува ред во домот посебно кога имате мали деца. Сепак постои решение и за тоа. Опремете ја детската соба со повеќе интересни садови за играчки и преку игра научете ги децата како да бидат поорганизирани и поодговорни така што на крајот од времето за игра секоја играчка треба да заврши во својот сад.

10-raboti-koi-pravat-vasit-dom-da-izgleda-natrupano-10.jpg

М. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Комбинации на бои за ентериер кои ќе бидат хит во 2026-та Тиркизна и сива за бањата и спалната соба, како и боја на сенф и темносина за во...
10 (евтини) трикови и совети за удобен дом во нордиски стил Не се опседнувајте со тоа креветот во спалната да биде совршено наместен, а наме...
16 луѓе кои открија дека реновирањето во домот не мора да биде мачење Многу луѓе велат дека реновирањето на домот е полошо од пожар или поплава - и не...
4 „правила“ за уредување дневна соба што слободно можете да ги прекршите Троседот не мора да биде фокусна точка, а ако имате повеќе простор, ни телевизор...
Пластични канчиња како саксии и уште 5 работи кои ги има во турските домови (а и кај нас) Милјеа на секоја рамна површина, дополнителни мали масички во некој ќош кои се п...
5 идеи како да ги врамите сликите во домот, за луксузен и уникатен изглед (фото) Ако ги ставите малите слики во големи рамки, ќе добиете совршена декорација со м...

Најчитани неделава