10 (евтини) трикови и совети за удобен дом во нордиски стил
Не се опседнувајте со тоа креветот во спалната да биде совршено наместен, а наместо „генерички“ украси што ги има во сечиј дом, дајте им предност на уникатните и рачните изработки.

Доста популарен начин на уредување е во таканаречениот скандинавски стил.
Сличен на него е нордискиот стил кој има малку поширока палета на бои, како пастелна сина или зелена, а се става и повеќе фокус на разни текстури.
Додека во скандинавскиот, во секој аспект доминира минимализмот, нордискиот дава повеќе простор за експериментирање и за некои делува потопло.
Па, ако скандинавскиот стил е премногу „студен“ за вас, зошто да не искористите некој трик од нордискиот?
Десет совети и трикови за удобен дом во нордиски стил:
Ослободете се од предметите што не ви требаат
Нордискиот стил на уредување е прилично минималистички и главната цел е да се создаде удобна, но практична околина.
Па, пред да почнете да купувате работи во нордиски стил, прво размислете од што можете да се ослободите – стари украси, предмети што не сте ги допреле со години, работи за кои очигледно немате место…
Фокусирајте се на природната светлина
Бидејќи зимите можат да бидат мошне мрачни во нордиските земји, нормално е максимално да се користи природната светлина во домот.
Па, избегнувајте темни и тешки завеси и немојте да ги криете прозорците, туку овозможете светлината да влегува низ нив.
Креветот во спалната не мора да биде совршено среден
Ова не значи дека на креветот треба да трупате облека или што било.
Но, не мора ни да се опседнувате со тоа да биде совршено наместен.
Комбинирајте текстури
Нордискиот стил на уредување е минималистички, но во однос на бои. Затоа, пак, препорачливо е да се комбинираат разни текстури една со друга.
На пример, на дрвениот стол можете да ставите прекривач кој лични на крзно и веднаш ќе добие нордиски шарм.
Комбинирајте разни форми
За просторот да не делува монотоно, потрудете се да вметнете разни форми.
Тркалезна маса, украси со уникатни форми, па и уметнички дела со апстрактни форми – сето ова се ситници што ќе додадат нордиски шарм.
