3 рецепти како да ги поправите гребаниците на дрвениот мебел

Гребаниците на дрвениот мебел се вистински кошмар.

3-recepti-kako-da-gi-popravite-grebanicite-na-drveniot-mebel-1.jpg

Но, тоа не значи дека морате да кажете „збогум“ на вашата омилена дрвена трпезариска маса, плакар или комода, затоа што решението се крие во едноставни и евтини трикови од вашата кујна.

1. Емулзија од маслиново масло и оцет

- Измешајте половина лажица маслиново масло и половинa лажица алкохолен оцет.

- Намокрете крпа во смесата и исцедете ја.

- Добро истријте ја дрвената површина.


2. Тоник од црн чај

- Во половина шолја зовриена вода додадете една или две вреќички црн чај.

- Оставете да стои 5 минути, па извадете ја вреќичката.

- Потопете памучна крпа и со неа премачкајте ги гребаниците и потоа пребришете со сува крпа.


3. Паста од инстант кафе

- Во шолја ставете лажица инстант кафе

- Додадете врела вода за да добиете густа паста.

-Потопете памучна крпа во пастата, истријте ги гребаниците со неа и пребришете го дрвото со сува крпа. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи како да внесете пролетна естетика во вашиот дом (како кај инфлуенсерите) Кај македонските инфлуенсерки сигурно веќе ги гледате чиниите и шолјите во форма...
Пет причини зошто француските кујни изгледаат пријатно и убаво (дури и кога се хаотични) Во француските кујни, секогаш има парче мебел, декорација и слично што не е во с...
Пет грешки во реновирањето на бањата за кои луѓето најчесто жалат Ја отстранувате кадата иако имате доволно простор за неа и „штедите“ на шкафчиња...
Парчиња мебел и предмети за кои луѓето најчесто зажалуваат, според дизајнер на ентериер Немојте да купувате неквалитетна гарнитура само затоа што ви изгледа убаво бидеј...
5 мали промени што ќе ја освежат кујната (а не чинат многу) Кружно огледало, ѕидна ламба, впечатлив прекрива за маса – ова се ситници кои не...
На гости кај Татјана: Колоритен стан на Македонка во Швајцарија со специјално катче посветено на вер... „Во домот имаме и посебно место за Бог, бидејќи како голем верник во христијанст...

Најчитани неделава