Светло зелено, пеперутки, мешани принтови - новите трендови за уредување на домот за 2017-та

Секоја нова година означува и нова можност за освежување на домот. Дали ви е здосаден истиот стар мебел и ве задушува чувството на монотонија?

Ova-se-novite-trendovi-za-ureduvanje-na-domot-vo-2017-godina-01.jpg

Време е за мало реновирање, кое нема да ве чини многу, а ќе внесе огромна промена. Потребна е само желба и секако, добри идеи како овие.

Погледнете ги новите трендови кои се закануваат дека ќе го освојат внатрешниот ентериер во 2017-тата година:

Светло зелена боја

Престижната компанија „Pantone“ ја прогласи оваа весела зелена нијанса за боја на годината. Се очекува истата да доминира во внатрешниот ентериер, модата и комерцијалниот дизајн во 2017-тата година. Оваа нијанса на зелена која потсетува на жапчето Кермит претставува освежување и ревитализација, па доколку сте храбри испробајте ја во својот дом за повеќе светлина и енергија.

Ova-se-novite-trendovi-za-ureduvanje-na-domot-vo-2017-godina-02.jpg

Пеперутки на ѕидовите

Симбол на грациозност и оптимизам, пеперутките се еден среќен мотив за кој треба да пронајдете место под покривот. Без разлика дали ќе се одлучите за тапет со пеперутка принт или 3D пеперутки кои изгледаат пореалистично, нема да погрешите во ниту еден случај.

Ova-se-novite-trendovi-za-ureduvanje-na-domot-vo-2017-godina-03.jpg

Измешани принтови

Овој тренд за прв пат беше забележан на Модната недела во Њујорк минатата година, но имајте предвид дека модата неретко е катализатор на сите нови трендови за внатрешно уредување. Доколку сте љубител на симетричните принтови, ставете ги за кратко на пауза и дадете им шанса на измешаните принтови.

Ova-se-novite-trendovi-za-ureduvanje-na-domot-vo-2017-godina-04.jpg

Богата текстура

Луксузни, меки материјали кои обвиткуваат удобни и големи софи и фотелји, тоа е она што е во центарот на вниманието за тековната година. Важно е мебелот да има богата текстура и да не изгледа премногу обично или досадно.

Ova-se-novite-trendovi-za-ureduvanje-na-domot-vo-2017-godina-05.jpg

Темносината е новата црна боја

Која е новата замена за црната боја? Морнарско сината, која совршено ќе се вклопи во реновирањето на кујната, освежувањето на ѕидовите во спалната соба, или тепихот кој ќе го ставите во дневната соба.

Ova-se-novite-trendovi-za-ureduvanje-na-domot-vo-2017-godina-06.jpg

Уметнички детали наместо „Направи сам“ проекти

Години наназад светот се опседна со „DIY“ или „Направи сам“ проекти, и иако има одредена убавина во личната креативност и создавањето „нешто од ништо“, оваа година трендовите предлагаат повеќе уметнички и уникатни детали изработени од специјализирани занаетчии кои ќе го исполнат просторот, како рачно изработени стаклени вази.

Ova-se-novite-trendovi-za-ureduvanje-na-domot-vo-2017-godina-07.jpg

Бели декоративни предмети

Во контекст на претходно кажаното, акцентот е ставен на рачно изработени предмети во креда бела боја, кои му даваат природно и органско чувство на домот.

Со цел да не изгледаат премногу стерилно, доволно е изработките да се малку исполирани поради сјајот или со блага текстура на површината.

Ova-se-novite-trendovi-za-ureduvanje-na-domot-vo-2017-godina-08.jpg

„Скриени апарати“ за домаќинството

„Помалку е повеќе“ никогаш не била повистинита изјава кога се работи за внатрешното уредување на домот. Апаратите кои се „кријат“ и вовлекуваат зафаќаат многу помал простор, изгледаат модерно и футуристички, давајќи му сосема поинаков печат на домот.

Ova-se-novite-trendovi-za-ureduvanje-na-domot-vo-2017-godina-09.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 трендови за уредување со ретро и луксузна нота кои се хит во 2025-та Простор во кој преовладуваат исти шари низ повеќе елементи, јапанди стил – комби...
7 трендови за уредување кои ќе доминираат во домовите во есен 2025 Мермерни елементи, палета со топли тонови, слоевито уредување со тепих, ќебенца ...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби. Пр...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Пет грешки во уредувањето поради кои домот не изгледа луксузно, туку „кич“ Следите трендови кои се минливи и низ домот имате препознатливи логоа и принтови...

Најчитани неделава