Идеи за домот: Кујнски полуостров наместо трпезарија

Со додавањето кујнски полуостров во ентериерот, си создавате убаво и функционално катче кое можете да го користите за повеќе различни намени.

idei-za-domot-kujnski-poluostrov-namesto-trpezarija-1_copy.jpg

Колку и да ви звучи необично, кујнските полуострови се разликуваат од кујнските острови на ист начин како и географските поими по кои го добиле називот.

Оваа алтернатива на класичниот кујнски остров е добар избор доколку немате доволно простор за самостоен кујнски елемент, а функционираат и како замена за трпезарија, зависно од големината.

Можете да појадувате наутро или пиете чаша вино на крајот од работниот ден, да работите на лаптоп, или, пак да ги подготвувате оброците и дружите со најблиските – комплетно прилагодувајќи го на својот стил и начин на живот.

Истовремено, кујнскиот полуостров служи и за визуелно одвојување на кујната од остатокот на ентериерот, кој мошне често е со отворен распоред.

Што се однесува до дизајнот, можете да си поиграте со површината и неговата форма, со основната структура и обликот на ногарките, висината, должината и опременоста на полуостровот.

Така, на пример, може да има складишта, како полици и фиоки, или, пак, да биде целосно од отворен тип. Дури и да е краток, кујнскиот полуостров сеедно ќе биде практичен додаток во кујната и идеален простор за брз утрински оброк.

Во продолжение, погледнете повеќе различни, а одлични примери за кујнски полуостров во домот:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби. Пр...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Грешки во реновирањето на кујната што луѓето ги прават најчесто Ставате преголем кујнски остров и заборавате да ја проверите електричната инстал...
12 луѓе кои со малку труд (и фантазија) ѝ дадоа нов лик на старата кујна „Со сопругот наскоро ќе се преселиме во куќата во која пораснал. Сакаме да смени...
8 мали детали што му даваат шарм на домот (и прават да изгледа полуксузно) Цветните аранжмани, но и уникатните садови за јадење се ситници кои не чинат мно...

Најчитани неделава