Извонредна куќа сместена во дланките на природата

Архитектите на овој објект искористиле природни материјали за да создадат прекрасна камена куќа сместена на пацифичкиот брег на Нов Зеланд. Оваа куќа е идеална локација за меден месец.

inzvonredna-kukja-smestena-vo-dlankite-na-prirodata-2.jpg

Интересното е тоа што кон објектот се пристапува само со хеликоптер. Токму тоа е причината поради која многумина се заљубуваат во ова место - осаменоста која им овозможува на гостите навистина да побегнат од секојдневието.

inzvonredna-kukja-smestena-vo-dlankite-na-prirodata-3.jpg

„Со дизајнирање на објект со таков прекрасен амбиент како што е овој, навистина се добива смисла дека луѓето и структурите, како што се карпите и дрвјата, се природен дел од планетата. Ние сме деца на Мајката Природа. Важно е да бидеме одговорни и респектабилни во нашиот однос со природата“, вели Петерсон.

inzvonredna-kukja-smestena-vo-dlankite-na-prirodata-4_copy.jpg

Ѕидовите на куќата се изградени со користење на локални карпи, а бетонскиот покрив е покриен со трева со што се овозможува одлично вклопување во околината.

inzvonredna-kukja-smestena-vo-dlankite-na-prirodata-5.jpg

Една од најпечатливите карактеристики на овој објект е стаклената фасада преку која може да се доживее прекрасниот поглен кон океанот.

inzvonredna-kukja-smestena-vo-dlankite-na-prirodata-6.jpg

Живописните светли тонови и природни материјали доминираат во внатрешноста. Кујната и дел од мебелот се изработени од чемпрес, а контрастот е постигнат со софата во бела боја. Каменот и декрациите во етно стил дополнуваат создавање на пријатната атмосфера. Транспарентната фотелја креира простор за уживање со отворен поглед на водата.

inzvonredna-kukja-smestena-vo-dlankite-na-prirodata-7.jpg

Со нејзиниот специфичен дизајн, природните материјали и звукот на брановите на грегот, оваа куќа ви дава одлична можност да потонете во природата и целосно да се опуштите.

inzvonredna-kukja-smestena-vo-dlankite-na-prirodata-8.jpg

inzvonredna-kukja-smestena-vo-dlankite-na-prirodata-9.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 трикови за стилска бања со мал буџет (без реновирање) Сменете ја чешмата, ставете ѕидна ламба и сменете ја бојата на ѕидовите во богат...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
10 луѓе кои со љубов си ги уредија становите во удобно катче од соништата, без помош од дизајнер „Само 23 квадрати се, но многу ми е удобно овде - има бања, а шпоретот е зад фри...
Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби. Пр...
12 луѓе кои со малку труд (и фантазија) ѝ дадоа нов лик на старата кујна „Со сопругот наскоро ќе се преселиме во куќата во која пораснал. Сакаме да смени...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...

Најчитани неделава