Празничното украсување на домот порано ве прави посреќни

Сијалички и празнична атмосфера уште во месец ноември, имате ли некоја причина против?

praznichnoto-ukrasuvanje-na-domot-porano-ve-pravi-posrekjni-o1.jpg

Обожавателите на празничната атмосфера едвај чекаат да се доближи Нова Година и божиќните празници за да го накитат домот во најубавите бои и со најблескавите сијалички. Но дали знаете дека ако не чекате и го сторите тоа уште веднаш, ќе бидете посреќни?

Можеби ви звучи лудо уште отсега да ги извадите украсите од под креветот, но кој рече дека мора да има правила? Плус, психоаналитичарот Стив МекКоун тврди дека раното китење за празниците нè прави посреќни, односно декорациите ставени уште отсега ја продолжуваат возбудата околу празниците.

Тој вели дека може да има бројни причини зошто некој би сакал опсесивно да ги стави декорациите олку рано, најчесто поради носталгични причини или за да ја оживее магијата од детството или за да компензира за минатото, но тој го препорачува тоа.

praznichnoto-ukrasuvanje-na-domot-porano-ve-pravi-posrekjni-01.jpg

„Во свет полн со стрес и анксиозни луѓе, убаво е да се поврзете со работи што ве прават среќни, како што се Нова Година и Божиќ. Украсувањето на домот буди магични емоции од детството“, вели МекКоун.

Китењето на екстериерите на домовите, исто така, се смета за одличен потег. Со поставувањето на сијаличките ќе ги развеселите дури и соседите и тие ќе го почувствуваат вашиот пријателски настроен дух и мирисот на безгрижниот период од детството.

Празниците се магични и затоа што им даваат шанса на луѓето одново да се поврзат со луѓето со кои некогаш ги славеле, но, за жал, тие повеќе не се тука. Овој вид на сеќавање може да направи да се чувствувате подобро.

Па, ајде сега вадете ја елката од подрумот или од под креветот, имате доволно причини за тоа, зарем не?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби. Пр...
8 мали детали што му даваат шарм на домот (и прават да изгледа полуксузно) Цветните аранжмани, но и уникатните садови за јадење се ситници кои не чинат мно...
Предмети кои носат несреќа во домот, според фенг шуи (и треба да ги фрлите или преместите) Експертите за фенг шуи тврдат дека постојат одредени предмети во домот кои ја на...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...

Најчитани неделава