Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто да одберете теписи од бамбусова свила?

zosto-da-odberete-tepisi-od-bambusova-svila-01.jpg

Зошто бамбус?

Бамбусот е едно од најбрзорастечките растенија во светот кое добива и до еден метар висина дневно. Стеблото е подготвено за жетва по 4 години и не бара повторно засадување, бидејќи се појавуваат нови израстоци од истиот коренот. Всушност, бамбусот расте без пестициди, ѓубрива или други хемикалии.

Друга придобивка од бамбусот е тоа што генерира повеќе кислород од дрвјата и има способност да ја ограничи ерозијата на почвата. Со други зборови, бамбусот е самоодржливо растение, кое се чини дека има само позитивни карактеристики.

zosto-da-odberete-tepisi-od-bambusova-svila-06.jpg

Што е бамбусова свила?

Иако постојан неколку начини, мехничкиот процес на добивање бамбусова свила е најеколошки. Во тој процес, дрвенестите бамбусови стебла се дробат, а потоа се разложуваат под влијание на природните ензими, со цел да се извлече целулозата од растението. Така формираната леплива маса се расчешлува, се суши и се доработува, се додека не премине во нежно, свиленкасто влакно.

Резултатот е влакно кое е нежно и меко на допир, исклучително издржливо и со антиалергени и антибактериски својства.

zosto-da-odberete-tepisi-od-bambusova-svila-04.jpg

Теписите изработени од бамбусова свила имаат некои прекрасни особини кои ги сакаат и производителите и неконвенционалните и еколошки свесни потрошувачи:

  • Бамбусовите теписи имаат природен сјај и нежно чувство налик свила, но се поевтини и потешки (во споредба со свилените теписи).
  • Благодарение на мазната и кружна структура на влакната, бамбусовите теписи  се меки и не-иритирачки, дури и за чувствителна кожа;
  • Бамбусовите теписи се антибактериски и антифунгални, благодарение на уникатниот антибактериски агенс на бамбусот. Некои тестови покажаа дека стапката на смртност на бактериите кај бамбусовите влакна е над 70%. Покрај тоа, јапонската текстилна асоцијација откри дека дури и по педесет миење, ткаенините од бамбус сеуште ги имаат овие функции.

zosto-da-odberete-tepisi-od-bambusova-svila-07.jpg

Во салонот на Pierre Cardin Home Macedonia имате можност да најдете теписи изработени 100% бамбус или комбинација на бамбус и други природни метеријали. Ве очекуваме!

zosto-da-odberete-tepisi-od-bambusova-svila-02.jpg

Би можело да ве интересира:

6 трикови во уредувањето со кои ќе го направите домот визуелно поголем Избегнувајте теписи кои го покриваат целиот под, а наместо повеќе мали, на ѕидот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg