Работи од домот со кои е време да се збогувате

Спортска опрема

Во речиси секое домаќинство постои барем една справа која зафаќа место и не служи за ништо, освен како закачалка.

Доколку имате таква, подарете ја некому кому е потребна, продадете ја или на било кој начин ослободете се од неа.

Подобро е да практикувате активности во природа и да не се залажувате со непотребни справи во домот.

raboti-od-domot-so-koi-e-vreme-da-se-zboguvate-06.jpg

Кујнски уреди кои не ви требаат

Ако сте од оние кои го купуваат секој кујнски уред и апарат кој ќе им биде понуден, свесни сте дека пола од нив не ви се потребни.

Или пак, ако имате од „времето“ десетици апарати, проверете ги дали сите работат и направете селекција на она што ви е потребно, така што ќе ви останат само оние кои редовно ги употребувате.

raboti-od-domot-so-koi-e-vreme-da-se-zboguvate-07.jpg

Непотребни кабли и електронски работи

Старо DVD кое не е во функција, километарски кабли кои нема за што да ги искористите или други слични електронски додатоци кои веќе одамна се надвор од употреба – време е да ги фрлите.

raboti-od-domot-so-koi-e-vreme-da-se-zboguvate-08.jpg

Вештачки цвеќиња

Немојте да паѓате на маркетиншки трикови и да го полните домот со вештачки цвеќиња кои фаќаат прашина, кога можете да внесете природна свежина во домот со природни кои постојано ќе ги менувате.

raboti-od-domot-so-koi-e-vreme-da-se-zboguvate-09.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
10 детали во ентериерот кои го уништуваат скапиот изглед на домот Кабли и штекери насекаде, застарени завеси, празни ѕидови и прозорци – кои работ...
Предмети кои носат несреќа во домот, според фенг шуи (и треба да ги фрлите или преместите) Експертите за фенг шуи тврдат дека постојат одредени предмети во домот кои ја на...
5 ситници за попријатна атмосфера во домот во есен и зима (без да трошите многу пари) За миговите кога се релаксирате, купете евтина столна ламба со жолта сијалица, а...
Помошна куќа за персонал, турска бања - Како е уреден луксузниот дом од 2,5 милиони евра на Лепа Бре... Собите во приземјето се широки и пространи, споени една со друга - од отворената...

Најчитани неделава