Од идеја до реализација - Најуникатниот шанк во Скопје го имаат Дарко и Драгана (фото)

Неверојатни 936 капачиња се кријат под стаклото на еден од најуникатните шанкови во Скопје. Неговите сопственици се Драгана и Дарко, а шанкот е подготвен непосредно пред дочекот на Новата година.

Najunikatniot-shank-vo-Skopje-01.jpg

Со сигурност може да кажеме дека во 2019-тата нивниот дом ќе биде најомиленото место за собирање и дружба, бидејќи кој не би сакал да го испие својот омилен пијалак на овој шанк?

Инспирацијата за овој неверојатен предизвик? Секако, љубовта кон пивотот и желбата да се поседува уникатно парче мебел.

Конструкцијата е мошне едноставна, изработена од две споени дебели иверици во L форма. Но, најинтересниот дел е секако „шлагот на тортата“ или во овој случај горниот дел од шанкот покриен со стакло коешто се вади. Токму под стаклото вешто и трпеливо се наредени 936 пивски капачиња.

Собирањето на капачињата е посебно интересна приказна. Биле потребни околу 2 години да се соберат толку многу капачиња, задача која Дарко и Драгана ја совладале со малку помош од своите пријатели.

Освен од домашните пивски брендови ќе забележите и многу други, а во самиот центар на пивскиот мозаик се кријат најуникатните капачиња од поскапи пивски брендови. Капачиња од Македонија, Романија, Холандија, Шпанија и неколку други земји се собрани и обединети под стаклото на најуникатниот шанк во Скопје.

Кога имаш добра идеја и огромна желба, остварувањето на сонот никогаш не треба да претставува невозможна мисија, нели?

Дарко и Драгана од Скопје се најдобриот доказ дека пивските соништа се остваруваат.

Погледнете како изгледа нивниот уникатен шанк:

(О)Милена | Црнобело

Фото: (О)Милена

Би можело да ве интересира:

Фото-докази од уредување на дом на коj под итно му треба реновирање Непотребен празен простор помеѓу фрижидерот и елементите, различна боја и насока...
Шест грешки поради кои малиот дом изгледа уште помало (и хаотично) Мебел за кој очигледно немате место, како и доминација на темни бои. Кои грешки ...
Како да го претворите балконот во омиленото катче за летните ноќи (со само 5 работи)? Удобно место за седење, масичка и пријатно светло – не ви требаат многу работи з...
Грешки во уредувањето што е најдобро да ги избегнете – може да ве чинат многу Големо растојание меѓу завесата и подот, но и евтини лајсни на подот помеѓу кујн...
8 корисни идеи за уредување многу мала кујна – ќе ви заштедат простор Купете елементи со помали димензии, како плотна со две рингли и искористете го п...

Најчитани неделава