Топ 10 трендови за уредување на домот за есен 2019

Најдоброто нешто за модерните трендови за уредување е тоа што го има многу, па лесно можете да комбинирате она што ви се допаѓа. Можете да ги одберете најубавите елементи од секој тренд и да го уредите домот на уникатен начин.

najpopuarnite-esenski-trendovi-za-ureduvanje-na-domot-01.jpg

Доколку ви е потребно малку инспирација за есенското уредување на домот, дајте им шанса на најпопуларните трендови за оваа година.

Природни елементи

Изгледа дека дизајнерите секогаш ќе ѝ се враќаат на природата. Оваа есен слободно одберете дрво, камен, бакар или гранит. Обидете се да создадете природен амбиент што ќе ви го направи домот навистина удобен. На овој начин ќе направите мала оаза сред урбаниот метеж.

Кадифе

Многу лесно можете да најдете некое старо парче мебел прекриено со кадифе. Овој материјал бил навистина популарен во минатото, а сега повторно станува хит бидејќи изгледа луксузно и е многу удобен.

Цветни дезени

Дезените со цветови изгледа никогаш нема да излезат од мода. Единственото нешто што се менува е големината на цветовите. Модерните цветни дезени имаат повеќе контраст и имаат поголеми цветови, а најчесто се ставаат на ѕидови.

Заситени бои

Доколку не ги сакате живите бои, тогаш во домот додадете нешто од палетата на заситените бои. Иако овие бои можат да го направат просторот потемен, можете да направите одлични комбинации.

Месинг

Месингот истапува на сцената оваа година и може да го направи просторот навистина топол. Со него нагласете само неколку елементи во домот и веднаш ќе ја забележите елеганцијата.

Погледнете ги останатите трендови на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 трендови за уредување со ретро и луксузна нота кои се хит во 2025-та Простор во кој преовладуваат исти шари низ повеќе елементи, јапанди стил – комби...
7 трендови за уредување кои ќе доминираат во домовите во есен 2025 Мермерни елементи, палета со топли тонови, слоевито уредување со тепих, ќебенца ...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...

Најчитани неделава