Топ 10 трендови за уредување на домот за есен 2019

Црно-бел декор

И ова е уште една комбинација што е популарна секоја сезона. Црно-белите дезени се дизајнерска класика, а најдобро изгледаат кога доминира белата боја. Можете да додадете и некој детаљ со живи бои.

„Милениумска“ розова

Ова е нијанса на розовата боја што била популарна во 80-тите, а сега повторно почнува да го привлекува вниманието. Со оваа боја можете да ги украсите ѕидовите, но одлично стои и на украси и покуќнина.

Црвена

Оваа нијанса на црвена изгледа како мешавина од портокалова, корална и црвена боја, а најдобро изгледа на кадифе. Најдобро е да ја комбинирате со сиви или елементи од месинг.

Геометриски шари

Оваа година сè е големо – големи материјали, големи шари, големи димензии… Доколку ги сакате геометриските шари, одберете некој поголем дезен и сигурно нема да погрешите.

Кревет со балдахин

Доколку како девојче сте сонувале за ваков кревет, сега е вашата можност да го добиете. Бидејќи балдахинот стана дизајнерски тренд, сега можете да го најдете во сите бои и со секакви дезени. Можете да одберете модел како мрежа, како завеса, како вел… На можностите им нема крај.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

6 трендови за уредување со ретро и луксузна нота кои се хит во 2025-та Простор во кој преовладуваат исти шари низ повеќе елементи, јапанди стил – комби...
7 трендови за уредување кои ќе доминираат во домовите во есен 2025 Мермерни елементи, палета со топли тонови, слоевито уредување со тепих, ќебенца ...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...

Најчитани неделава