Хит во уредувањето на просторот – ретро терацото е повторно во мода (фото)

Терацо подовите (од италијанскиот збор „terrazzo“, што значи тераса) се подови во форма на мозаик. Тие се состојат од гранули вградени во врзивна смеса. 

hit-vo-ureduvanjeto-na-prostorot-retro-teracoto-e-povtorno-vo-moda-foto-01.jpg

Подовите Терацо се присутни во градежната индустрија одамна, но се чини дека овој ретро дизајн повторно се враќа во мода. Дури и кај античките Римјани, забележани се подови слични на денешното терацо.

Овие подови биле поставувани во времето на Римјаните, во куќите на богатата аристократија и во јавните згради. Терацо всушност симболизиралo престиж.

Со текот на времето, терацо подовите добиле многу поприфатлива цена, но сепак, изборот останал за луѓето кои се грижат за убавината и долговечноста на објектите.

Терацото е природен производ, измислен пред стотици години во северна Италија. Според приказната, уметниците кои изработувале мозаици и скулпторите фрлале остатоци на нивните тераси - ситни парчиња мермер и други материјали, остатоци од нивната работа.

Со текот на времето овие парчиња цврсто се вметнале во земјата, формирајќи еден вид практична, но сепак естетски пријатна површина.

Со текот на времето, мајсторите научиле како да го поврзат мермерот и другите парчиња и остатоци со постабилна глинена основа, како и да ја измазнат површината добивајќи висок сјај.

Вековната историја на терацото еволуира во многу форми, дезени и материјали, а оваа сезона е во тренд, особено во Европа, односно Германија.

Погледнете како е инкорпориран терацо ефектот во модерниот ентериер:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
6 трендови за уредување со ретро и луксузна нота кои се хит во 2025-та Простор во кој преовладуваат исти шари низ повеќе елементи, јапанди стил – комби...
10 луѓе кои со љубов си ги уредија становите во удобно катче од соништата, без помош од дизајнер „Само 23 квадрати се, но многу ми е удобно овде - има бања, а шпоретот е зад фри...
7 бои во домот кои експертите советуваат да ги избегнувате (и што да изберете наместо нив) Се вселувате во нов стан или сакате да го реновирате постоечкиот. И не знаете шт...
4 грешки што ги прават сите кога ја реновираат бањата, според дизајнери Штедите на туш кабината и купувате многу мала и ставате впечатливи плочки само з...

Најчитани неделава