Кул Инстаграм профили што ќе ви дадат идеи како да му дадете полуксузен изглед на домот

Доколку и вие сте од оние луѓе што редовно бараат инспирација за уредување на домот, еве неколку профили што ќе ви помогнат во потрагата по нови идеи.

Deset-influenserki-na-instagram-i-nivnite-soveti-za-vnesuvanje-luksuz-vo-domot-01.jpg

Социјалните мрежи станаа непресушен извор на нови идеи за дизајн, а во продолжение можете да погледнете неколку профили на Инстаграм кои, пред сè, ќе ви помогнат и ќе ви дадат совети за тоа како со одредени детали да внесете луксуз во вашиот дом.

Без разлика дали сакате модерно или ретро уредување, шик или вонвременска класика, овие Инстаграм профили имаат за секого по нешто:

Луксузен ентериер и трансформација на секој агол во домот + совети за подобра организација во домот

Блогерката и Јутуб ѕвезда Лидија Милен направи Инстаграм профил посветен на домот во којшто живее заедно со сопругот Али Гордон. На профилот таа редовно споделува фотографии и видеа од трансформацијата на секој дел од домот.

https://www.instagram.com/tv/CBQHESVhalx/

Стилски и модерен семеен дом инспириран од скандинавското уредување

Луси Вајтхаус го споделува нејзиниот прогрес во креирањето „стилски и модерен семеен дом“. Посебно пленува со нејзината естетика инспирирана од скандинавското уредување.

Светол и свеж ентериер, со голем број детали (од свежо цвеќе, до метални украси и мермер)

На својот профил, Ренди Герет прикажува светли ентериери што изобилуваат со детали - од свежо цвеќе, до сјајни мермерни површини. Овој стил е дефинитивно гламурозен благодарение на големиот број метални елементи и белата боја што е доминантна.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Идеи како да внесете пролетна естетика во вашиот дом (како кај инфлуенсерите) Кај македонските инфлуенсерки сигурно веќе ги гледате чиниите и шолјите во форма...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...

Најчитани неделава