На кои места во домот не треба да поставувате огледала?

За оние кои веруваат во добра и лоша енергија, Фенг Шуи концептот е она што им треба за добро организиран, мирен и уреден дом.

na-koi-mesta-vo-domot-ne-treba-da-postavuvate-ogledala-02.jpg

Кога се работи за Фенг Шуи, има многу специфични места на кои одредени работи смеат или не смеат да бидат поставени.

На пример, огледалото се смета дека може да донесе голема несреќа и немир во домот, па постојат неколку правила каде смее и не смее да стои:

1. Не го поставувајте спроти влезната врата. Влезната врата се смета за место низ кое влегува енергијата во домот, а огледалото кое се наоѓа спроти неа буквално создава судир при првото влегување.

Идеално место за огледало во домот дефинитивно е трпезаријата. Стручњаците ја сметаат трпезаријата за големо богатство во просторот, па препорачливо е богатството да се рефлектира на што повеќе страни.

3. Во кујната никако не поставувајте огледало свртено кон рерната, бидејќи се верува дека оваа положба носи негативна енергија.

4. Огледалата во ходникот се добра опција, само не смее да се поставуваат на самото дно, односно на самиот крај од ходникот.

na-koi-mesta-vo-domot-ne-treba-da-postavuvate-ogledala-01.jpg

5. Огледалата во дневната соба ве прават повесели, бидејќи го дуплираат бројот на присутните луѓе.

6. Уште едно место на кои не се препорачува поставување на огледало е над креветот или троседот.

7. Со огледалата во спалната соба исто така треба да бидете внимателни. Треба да внимавате огледалото да не е свртено кон креветот, бидејќи на тој начин предизвикува немирни ноќи.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби. Пр...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
8 мали детали што му даваат шарм на домот (и прават да изгледа полуксузно) Цветните аранжмани, но и уникатните садови за јадење се ситници кои не чинат мно...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...

Најчитани неделава