Пар од Англија ја реновирал старата куќа со DIY проекти за само 1.600 долари – ѝ ја зголемиле вредноста за 100.000 долари (фото)
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Менаџер 20-09-2021


Пар од Англија ја реновирал старата куќа со DIY проекти за само 1.600 долари – ѝ ја зголемиле вредноста за 100.000 долари (фото)

Беки Лејн и Адам од Англија решиле да ја реновираат нивната застарена куќа, а за целиот подвиг им требале три месеци и само 1.600 долари. По реновирањето, вредноста на нивната куќа се зголемила за околу 100.000 долари.

par-od-anglija-ja-renoviral-starata-kukja-so-diy-proekti-za-samo-1-600-dolari-ja-zgolemile-vrednosta-za-100-000-dolari-foto-01.jpg

34-годишната Бети и нејзиниот партнер, 33-годишниот Адам, живеат во Англија со двете деца, во дом што го купиле на почетокот од годината по цена од околу 840.000 долари.

Бидејќи целата покуќнина во домот била застарена, тие решиле да го реновираат, а завршиле толку добра работа, што ја зголемиле цената на куќата за околу 100.000 долари. Она што е најинтересно во целата ситуација е што потрошиле само 1.600 долари за реновирањето.

Најпрво парот живеел во Лондон, но посакале да се преселат на помирно место, па ја купиле куќата. Веднаш откако се вселиле почнале да ја реновираат со „направи сам“ проекти, а им биле потребни три месеци за да ја завршат работата.

„Претходно живеевме и работевме во Лондон, но локдаунот нè натера да размислиме за нашиот живот. По раѓањето на синчето пред девет месеци, сфативме дека семејството е најважно и дека многу повеќе сакаме релаксиран селски живот“, вели Беки.

par-od-anglija-ja-renoviral-starata-kukja-so-diy-proekti-za-samo-1-600-dolari-ja-zgolemile-vrednosta-za-100-000-dolari-foto-16.JPG

Таа вели и дека живееле во урбана средина каде што стапката на криминал постојано била во пораст. Сето ова ги натерало да се преселат во англиско село.

„Сега живееме во село каде што секој ден гледаме повеќе коњи отколку автомобили“.

Беки и Адам сакале модерен дом, па решиле да ја префарбаат целата куќа. Најпрво ја варосале детската соба и додале некои детали, кои ги чинеле околу 60 долари.

par-od-anglija-ja-renoviral-starata-kukja-so-diy-proekti-za-samo-1-600-dolari-ja-zgolemile-vrednosta-za-100-000-dolari-foto-09.JPG

par-od-anglija-ja-renoviral-starata-kukja-so-diy-proekti-za-samo-1-600-dolari-ja-zgolemile-vrednosta-za-100-000-dolari-foto-10.JPG

Во кујната ги обоиле шкафчињата и им ги смениле рачките, а за ова потрошиле 100-тина долари.

par-od-anglija-ja-renoviral-starata-kukja-so-diy-proekti-za-samo-1-600-dolari-ja-zgolemile-vrednosta-za-100-000-dolari-foto-000.JPG

par-od-anglija-ja-renoviral-starata-kukja-so-diy-proekti-za-samo-1-600-dolari-ja-zgolemile-vrednosta-za-100-000-dolari-foto-03.JPG

Во бањата ги офарбале плочките и купиле нов мијалник и нова тоалетна школка од онлајн продавница. Ја поправиле и кадата и целата бања ги чинела нешто повеќе од 300 долари.

par-od-anglija-ja-renoviral-starata-kukja-so-diy-proekti-za-samo-1-600-dolari-ja-zgolemile-vrednosta-za-100-000-dolari-foto-07.JPG

par-od-anglija-ja-renoviral-starata-kukja-so-diy-proekti-za-samo-1-600-dolari-ja-zgolemile-vrednosta-za-100-000-dolari-foto-08.JPG

Бидејќи Адам работи од дома, едната соба ја поделиле и ја претвориле во домашна канцеларија и детска за постарото дете. Го тргнале стариот тепих и го офарбале подот, а на ѕидот залепиле тапети. Полиците и бирото за канцеларијата ги купиле од ИКЕА.

par-od-anglija-ja-renoviral-starata-kukja-so-diy-proekti-za-samo-1-600-dolari-ja-zgolemile-vrednosta-za-100-000-dolari-foto-11.JPG

par-od-anglija-ja-renoviral-starata-kukja-so-diy-proekti-za-samo-1-600-dolari-ja-zgolemile-vrednosta-za-100-000-dolari-foto-13.JPG

За детската соба купиле лепенки со цветови од eBay. Целата просторија, заедно со канцеларијата и детската, ги чинела околу 270 долари.

par-od-anglija-ja-renoviral-starata-kukja-so-diy-proekti-za-samo-1-600-dolari-ja-zgolemile-vrednosta-za-100-000-dolari-foto-12.JPG

Трпезаријата и ходникот ги бојадисале со бела боја, а трпезариската маса ја купиле на старо. Беки продала дел од старата покуќнина што била во куќата и ја заменила со предмети купени на старо, а за дневната, трпезарија и ходникот, потрошила околу 600 долари.

par-od-anglija-ja-renoviral-starata-kukja-so-diy-proekti-za-samo-1-600-dolari-ja-zgolemile-vrednosta-za-100-000-dolari-foto-04.JPG

par-od-anglija-ja-renoviral-starata-kukja-so-diy-proekti-za-samo-1-600-dolari-ja-zgolemile-vrednosta-za-100-000-dolari-foto-05.JPG

Сега на парот му останало уште да ја среди спалната соба.

par-od-anglija-ja-renoviral-starata-kukja-so-diy-proekti-za-samo-1-600-dolari-ja-zgolemile-vrednosta-za-100-000-dolari-foto-14.JPG

Бидејќи и Беки и Адам работат од дома и имаат мали деца, не било воопшто лесно да најдат време за проектите.

„Моравме да работиме навечер, после работа, кога децата спијат, но ова е периодот кога бевме најуморни! Ова е жртва што ја направивме за сега да можеме да уживаме“, вели Беки.

par-od-anglija-ja-renoviral-starata-kukja-so-diy-proekti-za-samo-1-600-dolari-ja-zgolemile-vrednosta-za-100-000-dolari-foto-15.JPG

Беки има и совет за оние кои сакаат сами да го реновираат домот без да потрошат цело богатство:

„Ние не сме професионалци и учевме сами. Нормално, ништо не се споредува со скапа кујна направена од професионалци, но нашата цел беше да го искористиме она што веќе го имаме и да му дадеме нов живот. Бидејќи, денес стана многу лесно да фрлате работи.

Не секој има многу пари, но секој сака убав дом. Дури и со најмал буџет, можете да направите нешто прекрасно со домот“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотки кои ќе ве убедат дека домот по реновирањето изгледа непрепознатливо Реновирањето на домот е долг и напорен процес. Потребни се добри идеи, план, ушт...
Празници се ближат: 10 прекрасни идеи за зимска идила во спалната соба За помалку од месец дена ни пристигнува зимата, па зошто уште од сега да не си н...
Интересни начини да го декорирате домот со марами Верувале или не, марамите можат на интересен начин да го украсат домот. Ако имат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg