Кај Моника дома: „Огледалото во тоалетот ми е погодок, но црниот кујнски мијалник ми е промашување“ (фото)

Подот под кујнските елементи се плочки, а видливиот дел е таркет кој продолжува во целиот отворен простор. Не згрешивме што поставивме секаде ист под, за одржување е сосема лесен, но е премногу е мек и нежен и лесно се гребе.

Трпезаријата е уредена едноставно и практично. Огромен плус е тоа што купивме маса која се отвора и продолжува кога имаме потреба. Столиците се лесни, меки и удобни.

kaj-monika-vo-karposh-ogledaloto-vo-toaletot-mi-e-pogodok-no-crniot-kujnski-mijalnik-mi-e-promashuvanje-foto-16.jpg

Дневниот простор е уреден без многу мебел и детали. Долга комода во бел мат медијапан под телевизорот е лесна за чистење и одржување и има доволно простор за складирање.

kaj-monika-vo-karposh-ogledaloto-vo-toaletot-mi-e-pogodok-no-crniot-kujnski-mijalnik-mi-e-promashuvanje-foto-17.jpg

Голема грешка ни е тоа што не ги скривме каблите зад телевизорот.

kaj-monika-vo-karposh-ogledaloto-vo-toaletot-mi-e-pogodok-no-crniot-kujnski-mijalnik-mi-e-promashuvanje-foto-19.jpg

Клуб масичките се супер фунцкионални бидејќи се лесни и често ги преместуваме и комбинираме како ни одговара согласно потребите, но на црната стаклена површина и најмала прашина се познава, па затоа сметам дека иако естетски изгледа одлично, треба константно да се брише, дури неколку пати во денот.

kaj-monika-vo-karposh-ogledaloto-vo-toaletot-mi-e-pogodok-no-crniot-kujnski-mijalnik-mi-e-promashuvanje-foto-21.jpg

Софата е моето омилено парче во станот, материјалот е штоф во светла нијанса, aquaclean, лесно се чисти и одржува, но доколку би бирала повторно би избрала аголна гарнитура колку и да звучи клише, сметам дека е далеку попрактично решение кога станува збор за престојување во дневната соба.

kaj-monika-vo-karposh-ogledaloto-vo-toaletot-mi-e-pogodok-no-crniot-kujnski-mijalnik-mi-e-promashuvanje-foto-20.jpg

Декорацијата на ѕидовите е едноставна, со облоги од медијапан кои на просторот му даваат топлина и карактер.

Завесите се едноставни, без никакви декорации, во светла беж боја, прозрачни и не се пеглаат, што мене особено многу ми значи. За драпери се одлучивме бидејќи се наоѓаме на последен кат и во станот нема греди, туку бетонска плоча, и прозорците се до плафон. Не згрешивме воопшто околу тој дел.

kaj-monika-vo-karposh-ogledaloto-vo-toaletot-mi-e-pogodok-no-crniot-kujnski-mijalnik-mi-e-promashuvanje-foto-18.jpg

Бањата ја правевме по мерка. Омилено функционално парче ни е високиот зелен плакар во кој умешно е сместена машината за перење и сушење алишта, корпите за нечисти алишта, бојлерот и буквално сите средства за чистење.

kaj-monika-vo-karposh-ogledaloto-vo-toaletot-mi-e-pogodok-no-crniot-kujnski-mijalnik-mi-e-promashuvanje-foto-04.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Кај Анета дома: „Големата гарнитурата ми е погодок, а малиот број на фиоки во кујната ми е промашува... „Ја обожавам белата лулашка во дневната соба. Преудобна е, издржл...
На гости кај Драгана: Есенска бајка во стан во Гостивар со тикви и цвеќе (фото) „Многумина ќе речат во есен има магливи утра, дождови и ветер, но јас ја са...
Мебел од ратан – летен хит кој ќе донесе свежина во домот (фото) Мебелот од ратан е хит за оваа пролетна и летна сезона и вреди да му дадете шанс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg